Skip to main content

Автор: инфодеск

Доделени наградите за ликовниот и литературниот конкурс “Глас на хуманоста“

Post Views: 124 Денес во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Глас на хуманоста“ кој беше објавен на иницијатива на Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид, а во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и...

Продолжи со читање

Дечињата од програмата „Полетарче“ во посета на Планинската спасителна служба

Post Views: 133 Во дружење, игра, забава и спорт, децатa што ја следат програмата во едукативниот центар на Црвен крст Охрид, „Полетарче“, го одржаа последниот час од пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште, во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) на Црвен крст Охрид, каде љубопитството за работата на спасителите на планина им беше задоволено со видео презентации од спасителните акции презентација на опремата за спасување и елементарни техники за искачување на вештачката карпа.–Дечињата не го криеја своето...

Продолжи со читање

Во петок за најмладите театарската работилница „Љупка и Љубица“

Post Views: 154 Во петок, во рамки на проектот на Општина Охрид Културата расте со децата „За сите деца“ ќе се одржи театарската работилница „Љупка и Љубица“.Организаторите велат дека станува збор за две девојки кои преку интерактивна и едукативна игра ќе ги водат дечињата низ работилницата со „Љупка и Љубица“.Работилницата започнува во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.

Продолжи со читање

Дефект на водоводната мрежа во Пештани

Post Views: 101 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од с.Пештани.-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи 57. седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 144 Денес ќе се одржи 57. седница на Советот на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 56-та седницаПредлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025...

Продолжи со читање

Во петок акција за подигање кабаст отпад на улиците „Абас Емин” и „Железничка”

Post Views: 108 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 30.05.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реон опфатен со улиците „Абас Емин” и „Железничка”.-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата...

Продолжи со читање

Преподобен Пахомиј Велики

Post Views: 140 Родум Египќанец и во младоста незнабожец. Како војник учествуваше во борбата на царот Константин против Максенциј. Потоа, дознавајќи од христијаните за единиот Бог и гледајќи го нивниот благочестив живот, Пахомиј се крсти и отиде во Тиваидската пустина, кај прочуениот подвижник Паламон, кај кого десет години се учеше на подвижнички живот. Тогаш, на местото наречено Тавенисиот, му се јави Ангел Божји во облека на схимник и му даде штичка на којашто беше напишан уставот на општежителниот манастир, заповедајќи му таков манастир да устрои на тоа место и прорекувајќи...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 109 Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Кампањата за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети

Post Views: 123 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на кампањата за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети во Охрид денес заеднички со полициски службеници СВР Охрид во превентивна активност за зголемување на безбедноста и свеста на сите учесници во сообраќајот.–Преку едукативен материјал и практични совети ја споделивме пораката за важноста од носење кацига на главата почитувањето на правилата и прописите за безбедно учество во сообраќајот!Заедно кон побезбедни сообраќајници за сите, безбедноста е во...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид: Ако локалната се’ уште се справува со „хаосот од претходната власт“, тогаш или се неспособни или имаат корист од тоа

Post Views: 143 И овој пат, како и безброј пати досега, општинските власти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид излегоа со реакција што повеќе наликува на стара, избледена копија, отколку на одговор на реалните прашања, велат од ОО на СДСМ во врска со реакцијата од Општина Охрид на нивната вчерашна прес конференција.–Повторно ја гледаме истата шаблонска формула: „претходниците се виновни, ние само расчистуваме нивен хаос“. Овој политички рефлекс за префрлање вина веќе одамна ја изгуби секоја смисла и ефект – особено кога доаѓа од власт што веќе не е ни нова, ни неодговорна за...

Продолжи со читање

Успешно одржана работилница „Сузбивање на криминал врз дивиот свет“

Post Views: 192 Вчера во просториите на Факултетот за безбедност – Скопје, Еко-свест во соработка со Факултетот за безбедност – Скопје организираа еднодневна работилница на тема „Сузбивање на криминал врз дивиот свет“.Од Еко-свест информираат дека целта на работилницата е унапредување на капацитетите на ренџерските служби и релевантните институции за справување со криминалот врз дивиот свет. Во рамки на настанот се дискутираше за значењето на заштитата на дивите животни, националните и меѓународните законски рамки, улогата на чуварските служби, како и потребата од...

Продолжи со читање

Приведено лице од Волино кое претходно физички нападнало жена

Post Views: 128  На 26-ти мај 2025 година, во 22:15 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, лишено е од слобода 50-годишно лице од селото Волино, Општина Дебрца.– Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46-годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид

Продолжи со читање