Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид со четиридневна прослава за Денот на Охридското Езеро

Views: 307 По повод Денот на Охридското Езеро, Општина Охрид подготви богата и разновидна програма исполнета со културни, спортски и забавни содржини, кои ќе се реализираат од 19 до 22 јуни 2026 година.Настаните се посветени на одбележувањето на значењето и вредноста на Охридското Езеро како едно од најголемите природни богатства на Македонија, а програмата нуди активности за сите генерации.Прославата започнува на 19 јуни со литературно-едукативниот проект за деца „Раскажи ми за езерото“, кој ќе се одржи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект „Централна“, со почеток во 10:30 часот....

Продолжи со читање

Општина Струга отстрани нелегално поставена урбана опрема од јавни површини

Views: 281 Надлежните општински служби во Струга денеска спроведоа акција за отстранување на урбана опрема која била поставена без соодветно одобрение на јавна површина. Продолжуваат активностите за заштита, уредување и правилно користење на јавните површини во градот, информираа од Општината.Оттаму посочуваат дека поставувањето на урбана опрема, рекламен материјал, инвентар и други елементи на јавни простори е дозволено исклучиво по добивање на потребните одобренија од локалната самоуправа.„Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани и нивното уредно користење...

Продолжи со читање

Музичка летна работилница во Младински Центар Охрид

Views: 270 Oд 6ти до 10ти јули во Младински Центар Охрид ќе се одржи Музичка летна работилница наменета за млади на возраст од 10 до 18 години, без разлика дали се почетници или веќе имаат музичко искуство.Во текот на пет дена учесниците ќе работат со дипломирани професори од музичка академија, кои ќе обезбедат индивидуално менторство, практична работа и поддршка за музички развој. Ќе бидат опфатени инструментите клавијатура, виолина, хармоника и кларинет.Пријавувањето е отворено до 26 јуни на следниот ЛИНК.Бројот на места е ограничен.

Продолжи со читање

Young woman checks her smartphone while holding a banana, standing by groceries in the kitchen.

Намирници што не мора да ги купувате органски, според нутриционистите

Views: 195 Сè повеќе потрошувачи избираат органска храна поради загриженоста за пестицидите, поддршката на одредени земјоделски практики или од еколошки причини. Сепак, нутриционистите истакнуваат дека некои производи не е неопходно да бидат органски бидејќи на нивната нутритивна вредност не влијае ако се конвенционално произведени.Бидејќи органската храна најчесто е поскапа и не секогаш лесно достапна, експертите советуваат фокусот да биде ставен на разновидна исхрана богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки, наместо исклучиво на органската ознака.БананиБананите се...

Продолжи со читање

Свеќи

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Views: 248 Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на Првиот Вселенски Собор Митрофан беше веќе старец на сто и седумнаесет години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот,...

Продолжи со читање

Променливо облачно и топло со сончеви периоди

Views: 177 Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 14 до 26 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре, четврток, до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Продолжи со читање

Стружанката Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026 со песна на Никола Мицевски и Илчо Нечовски

Views: 373 Македонската радио телевизија објави дека Ана Стојаноска е избрана да ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2026, кој ќе се одржи на 24 октомври 2026 година во Валета, Малта.-Ана беше избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донесе едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава и уметничкиот потенцијал на Ана. Композицијата со која Македонија ќе настапи на Јуниорскиот Евросонг 2026 е дело на Никола Мицевски,...

Продолжи со читање

Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид започнува обука за спасители

Views: 322  Од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид го најавуваат новиот курс за обука на спасители на отворени води.–Станете дел од тимот кој се грижи за безбедноста на нашите плажи. Курсот ќе трае од 21 до 28 јуни 2026 година во Охрид и за пријавување треба да се исполнат одредени услови. ​За да биде прифатена апликацијата, секој кандидат мора да ги исполнува следниве критериуми: да има најмалку 17 години (на денот на започнување на курсот), да е добро психо-физички подготвен и знае да плива и да достави потврда за здравствена способност за извршување на спортски...

Продолжи со читање