Автор: инфодеск
Post Views: 32 Фото клуб Охрид ги поканува сите вљубеници во добрата фотографија, на изложбата „Блиски Средби Охрид 2022“. Oтвaрањето е на 30-ти јуни, во 19 часот, во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“.Оваа изложба е резултат на соработката помеѓу Фото клуб Охрид и Фото клуб Лесковац. Ќе бидат поставени 40 фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија, а се настанати за време на одржувањето на Самитот на фотографи од екс Југославија. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 на 70 см – информираат од Центарот за култура.
Дуќаните во Охрид и Струга ќе работат во недела
Post Views: 70 Собранието ги изгласа законските измени, сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница.Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот...
Келнери и кувари од регионов оваа сезона на Јадранот
Post Views: 39 Огромен број на работници од охридско-струшкиот регион оваа сезона работат на Јадранот. Готвачот Никола Петрески од Струга е еден од нив. Ја затвори својата мини работилница за подготовка на оброци за фабрики и пред три месеци замина во Хрватска. За ТВМ раскажува дека таму секојдневно доаѓаат нови вработени од нашата земја. Готвачи, келнери, шанкери, бармени и собарици.Платите за келнер со платен оброк и сместување се движат од 800 до 1100 евра. За готвач или главен готвач од 1800 до 3000 евра. Се е поголем бројот, бидејќи според мене, условите тука се...
НАСА ја лансираше првата ракета од Австралија
Post Views: 34 Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА првпат лансираше ракета од северна Австралија. Со тоа, агенцијата испиша историја, затоа што ова е првото лансирање нивна ракета од комерцијален космодром вон САД.Суборбиталната ракета полета рано утринава по локално време и ќе овозможи да се спроведат астрофизички студии на јужната хемисфера. Ова е, исто така, прво лансирање ракета од австралиско тло по повеќе од 25 години. Лансирана е првата од трите ракети на НАСА од новиот вселенски центар Арнем, што се наоѓа на работ на австралиската...
Поевтинуваат бензините и дизелот
Post Views: 41 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 109 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 111,50, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109 и на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107 делари за литар.За 0,986 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 53,305 денари.
Филмска проекција Евгенија Гранде во Охрид
Post Views: 48 Во среда на 29-ти јуни со почеток во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Евгенија Гранде”. Во режија на Марк Диген (2020) со Жосефина Жапи и Оливје ГурмеФеликс Гранде е господар на скромна куќа во Самир, во која живее со неговата жена и со ќерката Евгенија. Тие водат вообичаен и мирен живот. Неверојатната скржавост го спречува да ги согледа одличните прилики што и’ се укажуваат на ќерката за венчавка. Никој не смее да се доближи до неговото огромно богатство скриено од сите. Ненадејното...
Лишен од слобода 38-годишен охриѓанец
Post Views: 36 На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид.Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Жител на Горенци бил физички нападнат од две лица
Post Views: 43 На 25.06.2022 година во 18:35 часот во СВР Охрид, А.М.(20) од селото Горенци, општина Дебрца, пријави дека на улицата „7 ноември” во Охрид бил физички нападнат од две лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.







