Автор: инфодеск
Post Views: 42 Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска (22.06.2022 година) од 09 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето...
Нова хоризонтална сигнализација
Post Views: 36 Општина Охрид како дел од предвидените програмски планови за одржување на сообраќајната сигнализација, во текот на наредните денови ќе реализира активности за хоризонтално обележување на улиците на територија на општината.Активностите ќе се одвиваат во вечерните часови кога на сообракајниците гравитира значително намален број на возила.Се упатува молба до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација која ќе биде поставена во текот на теренските активности и да ја прилагодат брзината на движење.
Мотивирачки пораки на Порфириј од Охрид
Post Views: 34 Делегација на српската православна црква, предводена од патријархот Порфириј, на покана на архиепископот на Македонската православна црква г.г Стефан во посета на Охрид и Струга.По вчерашниот престој во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта каде беше отслужена Доксологија – Славословие, денес во посета на храмот Света Богородица Перивлепта во Охрид, Галеријата на икони, како и други цркви и културно историски споменици.„Гледајќи ги овие свети места, разбираме дека на нашите претходници најважно им било да ја задржат...
Казнети 25 возачи кои ја надминале дозволената брзина
Post Views: 30 На 20.06.2022 година од 16 до 21 часот, при спроведени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 25 возачи на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (11-надвор од населено место, 14-во населено место).Контролите во сообраќајот ќе бидат интензивирани на сите патни правци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Исчезна малолетничка во Охрид
Post Views: 45 На 20.06.2022 година во СВР Охрид, С.И.(51) од Охрид пријавила дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од семејниот дом.Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничката – информираат од СВР Охрид.
Летово забрана за градежни работи
Post Views: 36 Во период од 1-ви јули до 31-ви август годинава, се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.Оваа забрана важи за просторот под улица „Туристичка“ до езерото и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над улица „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член...
Археолошки пронајдоци на локалитетот Врбник
Post Views: 126 По повод Денот на Охридското Езеро денес во Струга беа презентирани резултатите од археолошките истражувања на локалитетот Врбник. Пред јавноста беа претставени дел од пронајдените богатиот археолошки материјал, керамика, садови, разновидни бронзени предмети и накит.Досега е истражена само една десеттина од подводниот локалитет, кој е атрактивен и треба да биде достапен за јавноста.Стои отворена можност за отворање на изложба за претставување на пошироката јавност од една страна, а од друга страна дека е репрезентативен и атрактивен локалитет во секоја...
Одбележан Денот на Охридското езеро
Post Views: 37 Неповторливата и единствена природна реткост на Охридското Езеро, кое е дел од Листата на светски природни наследства на УНЕСКО е приоритет за сите нас како граѓанско општество, истакна денес на одбележувањето на денот на езерото, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Активната соработка помеѓу Охрид, Струга и Дебрца од македонска страна и Општина Поградец од албанска страна, ја дефинира потребата за вложување на заеднички напори и поставување на база за соработка која ќе биде појдовна точка за напредокот на регионот, посочи Пецаков.Годинава со...







