Автор: инфодеск
Post Views: 126 На 26-ти мај 2025 година, во 09:00 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице врз 34-годишник, двајцата од Охрид.– Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Се асфалтира патот до село Плаќе
Post Views: 174 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека вчера започнаа градежните активности за асфалтирање на патот до селото Плаќе.–Иако граѓаните со доза на сомнеж го прифаќаа ветувањето, и можеби со право, бидејќи до сега сите им ветувале, а никој не реализирал, ние достојавме на зборот! Нека е аирлија!, вели градоначалникот во неговата објава.
Макрон се огласи после виралното видео на кое се гледа дека Брижит му удира шлаканица: Само се шегувавме
Post Views: 313 Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон вчера реагираше за да го смири вниманието околу виралното видео на кое јасно се гледа дека неговата сопруга Брижит му удира шлаканица пред нивното симнување од авионот во Виетнам за првата етапа од турнејата низ Југоисточна Азија.На видеото се гледа како вратата од авионот се отвора, а Макрон се појавува. Неколку секунди подоцна, неговата соптуга Брижит му удира шлаканица. Парот, кој е во брак од 2007, потоа заедно се симна по скалите, но Брижит одби да го фати за рака нејзиниот сопруг.–Тоа беше...
Светиот маченик Исидор
Post Views: 125 Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам...
Сончево со умерена облачност и температури до 20 степени Целзиусови
Post Views: 116 Сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Утре во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури, информираат од УХМР.Денешните минимални температури во Охрид од 5, а максималните до 20 степени Целзиусови.
Висока турска делегација во работна посета на Општина Охрид
Post Views: 135 Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на Р. Турција во земјава Н. Е. Фатих Улусој и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид.На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков се разговараше за скапоцените ракописи, укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба на објект со поставки каде што тие би биле изложени за пошироката јавност како интересна туристичка...
Општина Охрид: Ревизија имаше и покажа дека јавните претипријатија биле крајно лошо менаџирани од кадрите на СДСМ
Post Views: 165 Ревизија на работењето на Јавните претпријатија имаше и покажа дека Јавните претипријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате, реагираат од Општина Охрид на денешната прес конференција на ОО на СДСМ.-За разлика од тогаш сега сликата со работењето на ЈП е драстично различна. Иако проблемот кој го напрвивте со зголемувњето на цената на електричанта енергија и другите енергенси ги преоптовари буџетите на јавните претпријатија, сепак раководствата заедно со Локалната...
ЈП Градски Пазар Охрид го обновува „Мостот на желбите“
Post Views: 182 Од ЈП „Градски пазар“ – Охрид информираат дека во пресрет на летната туристичка сезона, започнаа активности за обновување на познатиот „Мост на желбите“. Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост.–Со овие активности, ЈП „Градски пазар“ има за цел да придонесе за разубавување на урбаната средина и да понуди пријатна атмосфера за посетителите и туристите кои секое лето во голем број го посетуваат Охрид, информираат од...
Приведен охриѓанец кој управувал возило со брзина од 161 километри на час на автопатот Тетово-Скопје
Post Views: 268 На 25-ти мај 2025 година, во периодот од 17:20 до 18:45 часот, на магистралниот пат Тетово-Гостивар, на наплатна станица „Гостивар“ и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица „Желино“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода 55 годишно лице од Гостивар, 54 годишно лице од Охрид и 35 годишно лице од тетовското село Копачиндол.– 55 годишното лице од Гостивар управувал патничко возило „Фоксваген пасат“ со гостиварски...
ИЈЗ: Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на мајмунски сипаници
Post Views: 195 Од ИЈЗ информираат дека епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX.ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб страната, отвори 2 (две) нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници. Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и...
ЈП „Градски Пазар“ издава локации за урбана опрема – фрижидери за продажба на сладолед
Post Views: 165 ЈП „Градски Пазар“ – Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема фрижидери за продажба на сладолед.Локациите за поставување урбана oпpeмa-фрижидери за продажба на сладолед (вкупно 13 локации) се распоредени по должината на Кеј Македонија, на плоштад Крушевска Република и на патеката од Канал Студенчишта кон хотел Парк.На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце,на простор со површина 4м2.Локациите ќе се издаваат за времетраење од...
Африм Фидани е нов претседател на Врховен суд
Post Views: 185 Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Судијата Беса Адеми која конкурираше за повторен мандат не доби мнозинство гласови од членовите на Судскиот совет.Фидани доби осум гласа за и пет против и беше избран за претседател. Дел од членовите беа против и двајцата кандидати, но сепак Фидани го доби мнозинството.Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година. Согласно кратката биографија објавена на веб-страната на судот, по завршување на средно училиште и отслужување на...