Автор: инфодеск
Views: 237 Извршниот одбор на Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа се искачува од 4 на 4,25 отсто. Од централната банка соопштија дека мерката е донесена врз основа на најновите економски показатели и проценките за влијанието на глобалните случувања врз домашната економија.Според оценките на Народната банка, од почетокот на годината е забележана зголемена побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што условило поактивно присуство на институцијата на девизниот пазар. Сепак, од почетокот на мај се регистрира стабилизација на...
Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите
Views: 231Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за дигитална трансформација денес потпишаа Декларација за спречување на насилството кај младите. Процесот се реализира со поддршка на ОБСЕ.Потписниците се заложија за создавање побезбедна училишна средина, едукација за ненасилна комуникација, превенција на насилството во спортот, зајакнување на дигиталната безбедност, унапредување на менталното здравје и психосоцијалната поддршка, како и подобра...
Тони Попов: Сликам затоа што не можам поинаку
Views: 197 Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид синоќа беше отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов, негова петнаесетта самостојна изложба.Пред љубителите на уметноста, Попов се претставува со околу 40 дела изработени во акрилна и маслена техника, создадени во последниот период. Изложбата обединува претежно фигуративни композиции во кои човекот, просторот и сеќавањето се испреплетуваат во приказна за припадноста и потрагата по домот.Во своето обраќање, авторот истакна дека сликањето за него е внатрешна потреба и начин на соочување со...
КУД „Отекс” – 43 години чувари на македонската традиција
Views: 372 Ентузијазмот, желбата и љубовта кон фолклорот се темелот врз кој повеќе од четири децении опстојува и твори Културно-уметничкото друштво „Отекс” од Охрид. Низ 43 години постоење ансамблот изгради препознатливо име, настапувајќи на бројни домашни и меѓународни сцени, а денес претставува едно од најзначајните фолклорни друштва во регионот.Менаџерот Бојан Трајчевски вели дека тајната за долгиот опстанок е љубовта кон традицијата и посветеноста на генерациите кои биле дел од ансамблот.„Тајната е во љубовта, посветеноста и напорната работа. Заедно со мојот татко Димче...
Богатиот нумизматички материјал од Плаошник ја открива тајната на охридската средновековна ковница
Views: 213 Охрид бил главниот монетарен центар на Балканот. Од антички Лихнид, преку средниот век, па сѐ до османлискиот период, градот оставил длабока трага во монетарната историја. За богатиот и ексклузивен нумизматички материјал, пронајден на Плаошник., археологот Даница Размовска-Бачевска има напишано десеттина научни трудови, меѓу нив и најновиот посветен на едно од најзначајните средновековни монетни депоа.– Се работи за 64 бронзени трахеи – чашкасти монети изработени по византиски пример. Од...
АХВ запре увоз на речиси 24 тони пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип
Views: 215 Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани,...
Смртта на 20-годишно момче ја отвори болната тема за безбедноста на струшките капалишта
Views: 234 Безредието на струшкото крајбрежје повторно во фокусот на јавноста, откако вчера 20-годишно момче се удави на „машка плажа”.Според првичните информации, несреќата се случила при скок од педалинка. Струшките плажи со децении немаат спасители, набљудувачници, ниту обележани капалишта.Градоначалникот вели изработил проект со кој узурпираните капалишта би се ставиле во законска рамка, би се наплаќало за поставување урбана опрема, а истовремено би се овозможил и надзор од општинските инспектори со цел зголемување на...
Светиот свештеномаченик Лукијан
Views: 175 Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време беше ученик на светиот апостол Петар. Подоцна, папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, заради проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во Галија беше испратена специјална потера за да ги побара и да ги фати сите христијански мисионери. Тие прво го фатија и го убија свети...









