Автор: инфодеск
Post Views: 26 Авантуристичкиот клуб Mountain Madness по трет пат организира викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.Денес 18 јуни започнува оваа авантура со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв.Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци.После завршувањето ке се организира забава на плажата Св.Наум. Галичица е...
Охрид работи на развој на спортски туризам
Post Views: 40 Се подобруваат условите на спортската инфраструктура на СРЦ „Билјанини извори“.На терените на подготовки, моментално тренираат фудбалски тимови од Албанија и Косово.Јавното претпријатие планира подобрување на условите. Изградба на дополнителни терени за потребите на спортистите и подобрување на спортската инфраструктура. Како град, кој има идеална клима и надморска височина, треба да се стремиме кон развој на спортскиот туризам, затоа што бенефит има целиот град, вели директорот Теодор Андоноски.Најави од спортски екипи за припреми имаме. Моментално...
Свикан Собир на граѓани за Урбана заедница Воска
Post Views: 36 На 20.06.2022 (понеделник) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-4 „Воска“.Урбана заедница – 4 „Воска“ го завзема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. „Бистрица”, од Запад река „Даљан”, од Север булевар „Туристичка” – клучка, и од Југ „Охридско Езеро”, реката „Грашница”.Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните улици:-ул. „Гоце Делчев” – од бр.231 до крај и од бр.252 до крај пресек со...
Промоција на Луѓенца од Лилјана Пандева
Post Views: 32 Збирката раскази „Луѓенца“ ќе биде промовирана пред охриѓани во Сабота на 18.6.2022 г. од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид.„Луѓенца“ од Лилјана Пандева е книга составена од седумнаесет исклучително впечатливи (навидум едноставни) мајсторски раскажани необични приказни за навидум „обични“ ликови.Читајќи ги овие раскази се наоѓате среде еден исклучително богат универзум во кој човековата историја е ткаеж од насмевки и солзи и долг од двете точки: раѓањето и смртта.Тука ги гледате сите оние луѓе што минале покрај вас, што истовремено се качуваат...
Комуналец секојдневно се соочува со неред по улиците
Post Views: 25 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно на терен со низа активности низ Охрид, Лескоец и Трпејца.Секојдневно соочување со неред по охридските улици. Несовесни граѓани депонираат отпад насекаде. Расчистени само денес 6 локации со кабаст отпад. Чистење, шпаклирање и косење во с.Лескоец и с.Трпејца – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Загинаа две лица при пукање во Алабама
Post Views: 32 Две лица загинаа при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители.Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се три лица, од кои две им подлегнале на повредите.Ова не би требало да се случи никогаш ниту во црква, ниту во продавница, ниту во градот, ниту каде било – изјави гувернерката Кеј Ајви.
Градоначалникот на Ракалмунто во посета на Охрид
Post Views: 32 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа.На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно промовирање.Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата и за размена на искуства.
Kонференција за општа и семејна медицина во Охрид
Post Views: 30 Со свое обраќање вчеравечер Градоначалникот Кирил Пецаков свечено ја отвори 7-та конференција на лекарите од општа и семејна медицина на Југоисточна Европа, која до 19-ти јуни ќе се одржува во Охрид.Овој академски собир е еден од најголемите во областа на општа и семејна медицина на Југоисточна Европа и затоа верувам дека од него ќе произлезат значајни податоци и научни заклучоци, кои ќе дадат нов импулс во третманот и негата на пациентите во примарното здравство– истакна Градоначалникот Пецаков.Се надевам дека преку заедничка заложба и размена...







