Автор: инфодеск
Post Views: 203 По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун, по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода, кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот.-Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како...
Лице од Боговиње возел со брзина од 114 километри на час каде е дозволено само 50 километри на час
Post Views: 172 На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, лишиле од слобода 44 годишно лице од гостиварското село Боговиње.-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час, информираат од СВР Охрид.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде...
Амбасадорот на Чешка во посета на Охрид
Post Views: 134 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна срдба со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Н. Е. Јарослав Лудва.Високиот гостин, го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој плени со своите културно историски знаменитости и е привлечна туристичка дестинација во регионов.Двете страни разменија мислења околу идните чествувања посветени на Светите браќа Кирил и Методи со можност чешки уметници да настапуваат во културниот дел на празнувањата во Охрид.На средбата стана збор и за истражувачки проект кој заедно...
Света Архиерејска литургија утре во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“
Post Views: 147 Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги известува своите православни верници дека утре, 15 јули, ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна.Утрената богослужба започнува во 7:30 часот, додека од 09:00 часот Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Георгиј, информираат од Дебарско – кичевската епархија.Исто така, од...
Поради дефект на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето на,,Винковачка” и ,,Прилепска”
Post Views: 142 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Винковачка“ и „Прилепска“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Вечерва чешка вечер на „Охридско лето“ со пијанистот Лукаш Вондрачек
Post Views: 157 На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек.Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година – Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, секако, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос Анџелес, симфониските оркестри во Сиднеј, Токио, Оркестарот на Франкфуртското радио, Чешката филхармонија, Варшавската филхармонија, Оркестарот...
Светите маченици Козма и Дамјан
Post Views: 160 Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа...
Времето денес сончево и топло
Post Views: 148 Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од15 до 32 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен утре, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Пуштена во употреба првата делница од автопатот Охрид – Кичево во должина од 20 км
Post Views: 295 После 11 години градба, денеска конечно беше пуштена во употреба првата делница во должина од 20 км од автопатот Охрид – Кичево. На свеченоста присуствуваа Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, но и други членови на Владата.-Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време. Седум години траеше чекањето, ветувањата без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на...
Започна 65-то издание на фестивалот Охридско лето
Post Views: 124 Под мотото „Трансформација на сетилата“, вчеравечер на Античкиот театар беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.Љубителите на уметноста и бројната публика имаше можност да ужива во прекрасниот концерт на американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Република Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.На свеченото отворање на фестивалот го проследи и Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, заедно со претседателката на Република...
Денес се одбележува Свети Апостол Павле – Павловден
Post Views: 232 Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден.Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и...
Сончево и топло со температури до 31 степен Целзиусов
Post Views: 154 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 15, а максималните до 31 степен Целзиусов.