Skip to main content

Автор: инфодеск

УХМР: Променливо облачно и топло со сончеви периоди

Views: 170 Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 28 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека  утре на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе...

Продолжи со читање

Vox Lychnidos

Во сабота ќе се одржи  8. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“

Views: 270 Охрид и оваа година ќе биде домаќин на еден од најзначајните хорски настани во регионот, Осмиот меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.Фестивалот ќе се одржи во сабота на 20 јуни 2026 година, со почеток во 19 часот, во црквата „Света Софија“, еден од највпечатливите културно-историски споменици во земјата и препознатлива сцена за музички настани со врвна акустика.На фестивалот ќе настапат хорови од земјата и странство, кои преку богата музичка програма ќе понудат разновиден репертоар, од класични хорски...

Продолжи со читање

Горива

Цените на горивата во Македонија од полноќ се зголемуваат, во светот цената на нафтата на најниско ниво во последните три месеци

Views: 290 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,178%, кај дизелот за 4,441%, кај екстра лесното масло за 5,099% и кај мазутот намалувањето е за 3,635%.Курсот на денарот во однос на доларот во...

Продолжи со читање

Известување за дезинсекција против комарци на територијата на Општина Струга

Views: 257 Општина Струга ги известува граѓаните и пчеларите дека на 18 јуни 2024 година ќе се спроведе терестријална (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарците на целата територија на општината.Третманот ќе започне во вечерните часови, од 20:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови, со употреба на УЛВ апарати за ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места на подрачјето на Општина Струга.Од Општината апелираат до пчеларите и пчеларските здруженија навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за...

Продолжи со читање

Охрид со „Чалгиски звуци“ му оддаде почит на легендарниот виолинист Климе Садило

Views: 199 Со звуците на македонската чалгија и староградската песна, во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид се одржа манифестацијата „Чалгиски звуци“, посветена на легендарниот охридски виолинист и трубадур Климе Садило.Годинашното издание беше во знакот на два значајни јубилеи , 145 години од раѓањето на Климе Садило и 120 години од постоењето на такамот на Садиловци, препознатлив симбол на охридската музичка традиција и автентичниот градски мелос.Пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски кој истакна дека покрај...

Продолжи со читање

Продолжува иселувањето на младите од Охридскиот регион

Views: 405 Продолжува трендот на иселување од Охридскиот регион.. Сезонскиот туризам, ниските примања, несигурните работни места и високите трошоци за живот остануваат меѓу главните причини за заминување.Граѓанските активисти предупредуваат сè поголем број млади својата иднина ја гледаат надвор од земјава.„. Не стагнира и не се намалува, туку е во нагорен тренд. Денес причините не се само работата и квалитетот на живот, туку сè почесто младите се незадоволни и од здравствениот систем, бидејќи не чувствуваат дека добиваат соодветни услуги од државните здравствени установи, а...

Продолжи со читање

Валандовскиот патувачки културен караван во среда ќе гостува во Охрид

Views: 245 Охриѓани во среда ќе имаат можност одблиску да се запознаат со културното наследство, литературата, традицијата и гастрономијата на Валандово преку манифестацијата „Валандовска (патувачка) книжевна ноќ“, која ќе се одржи во Библиотеката „Григор Прличев“ со почеток во 12 часот.Настанот е дел од проектот „Валандовска (патувачка) книжевна ноќ“, чија цел е промоција на валандовската култура надвор од Валандово и претставување на богатото културно и историско наследство на овој регион пред пошироката јавност.Во рамки на програмата ќе биде отворена изложбата „Старо Валандово...

Продолжи со читање

Советниците утре ќе одлучуваат за нови членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија

Views: 213 Советот на Општина Охрид утре, 16 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 9 часот ќе ја одржи својата 11-та седница во зградата на локалната самоуправа.На дневен ред се вкупно 29 точки, меѓу кои разрешување и избор на членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија „Билјанини Извори“, „Водовод“, „Градски гробишта“, „Градски пазар“, „Нискоградба“ и „Охридски комуналец“.Советниците ќе расправаат и за предлог-одлука за поништување на постапката за доделување договор за јавно-приватно партнерство за поставување фотоволтаични централи на општински...

Продолжи со читање