Skip to main content

Автор: инфодеск

Обука на вода

Уште два дена за пријава на обука за спасители на вода

Post Views: 47 До 15 јуни 2022 трае повикот за кандидати за обука за спасители на отворени води. Обуката која е во рамките на подготовките за претстојната летна сезона ја организира Црвен крст Охрид.Сите оние млади, хумани луѓе кои се на возраст од 18 до 35 години и успешно ја завршат осумдневната обука за спасители на вода, ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат за спасител на вода и ќе бидат дел од Единицата за безбедност на вода при Црвен крст Охрид која се грижи за безбедност на корисниците на капалиштата на Охридското езеро, соопштуваат од Црвен крст...

Продолжи со читање

digital

Дигитализација за доверба во правосудството

Post Views: 41 Денес во Охрид започнува Европски самит за дигитализација на судството.„Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството” е темата на Европскиот самит за дигитализација на судството кој од денеска во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.Предвидени се поздравни обраќања на претседателот Стево Пендаровски, министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор...

Продолжи со читање

Марко

Започнува десеткратниот подвиг на Пејчиновски

Post Views: 53 Денеска во 13:00 од Радожда започнува летниот пливачки подвиг на младиот, но веќе добро познат пливач Марко Пејчиновски.Ова извонредно младо момче денес ќе стартува од Радожда, а целта е охридското пристаниште, при што должината на патеката е 14 километри.Неодамна тој објави дека ова лето ќе има 10 препливувања од различни локации и должини, во 10 викенди и во кои ќе исплива 250 километри.Тој во септември минатата година пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1-ви август 2021, тој направи уште една авантура, откако по...

Продолжи со читање

кралевите

Најновото засилување на кралевите

Post Views: 43 Реал мадрид и Монако се договорија за трансферот на Аурелиен Чуамени.Младиот играч за врска на Монако кој изминатиот период беше поврзуван со повеќе европски клубови, става потпис на шестгодишен договор со кралевите.Тоа би значело дека Реал Мадрид обезбедува достојна замена на децениската тројка во средниот ред, а на младите брилијанти Феде Валверде, Едуарно Камавинга се приклучува и Аурелиен Чуамени.Фото: Принтскрин ( Bleacher Report football )Вредноста на договорениот трасфер се проценува на 100 милиони евра, пренесуваат светските медиуми....

Продолжи со читање

Инклузивен мурал

Прифати ги поинаквите, нов мурал во Охрид

Post Views: 58 Една недела била доволна за создавање на мурал на инклузивноста во кој едно љубопитно девојче и водата го претставуваат прифаќањето на различностите и емпатијата.Насликан на училиштето „Григор Прличев“-Охрид, на површина од 21 квадратен метар од авторот, уметник Трајче Павлов кој пак се инспирирал од Охридското езеро и водата како елемент.„Едно девојче загазува во вода со желба да истражи и открие дали е ладна, длабока, убава и слично. Така гледам и на инклузијата и на емпатијата со различните од нас, со луѓето кои секојдневно живеат со предизвици...

Продолжи со читање

Ламбе Алабаковски

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Post Views: 48 По поднесената жалба од адвокатот на Ламбе Алабаковски, Судскиот совет од Основен суд Битола ја преиначил одлуката за осумдневен притвор во мерка куќен притвор, објави Телма.Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ денеска го напуштил одделението во затворот во Битола и бил спроведен во неговиот дом.Пејачот е осомничен дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен клуб во саботата, кога изгоре влезната врата на објектот.Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа...

Продолжи со читање

Кире Лазаров

Лазаров како крал на испраќањето во Нант

Post Views: 33 Ракометната македонска легенда и играч на францускиот клуб Нант, нашиот Кирил Лазаров вчеравечер беше испратен со сите почести, како крал, во играчка пензија.Лазаров вчера го одигра претпоследниот натпревар, а последен пред фановите на Нант, додека последниот натпревар во кариерата на Лазаров ќе биде викендов на финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант.Спектакуларното шоу што му го приреди клубот Нант синоќа, е дефинитивно едно незаборавно испраќање на Кралот на ракометот и баш онакво какво што тој заслужува.Го седнаа на престол, му ставија круна на...

Продолжи со читање

Градски базен

Реконструкција на Градскиот базен Атина Бојаџи

Post Views: 60 Започна реконструкцијата на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид. Согласно проектот се изврши расчистување и уредување на целиот простор на Градскиот базен.Со проектот предвидено е да се изврши подготовка, односно пескарење на површините пред нанесување на заштитна обвивка. Понатаму следува премачкување со специјализирана боја за оваа намена во два слоја. Трибините кај големиот базен кои се уништени ќе бидат санирани и оспособени за користење. Просторот околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и...

Продолжи со читање