Автор: инфодеск
Post Views: 91 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид воведе нов оперативен зафат – артроскопска хирургија на рамен зглоб. Во изминативе два дена успешно беа оперирани пет пациенти на возраст од 17 до 73 години со застарени комплексни повреди.За прв пат во јавното здравство се користеа нови современи импланти кои пружаат подобра рехабилитација на пациентите.Користевме за прв пат во јавните здравствени установи вид на импланти направени исклучиво од сутори од конец, со помал дјаметар од оние кои се стандардно користени. Со тоа...
Монтажни куќички да или не?
Post Views: 61 Денес ни пристигнаа слики за рубриката „Ти си твојот град“ од наш сограѓанин кој вели дека не му се допаѓаат типизираните куќарки поставени на Кеј Македонија. Ова е неговиот коментар:Мене лично не ми се допаѓаат овие куќарки, но има охриѓани на кои што им се допаѓаат. Па посебно и овие кои што си ставиле и лим од лани, значи ги доизмениле. Ај што Општината пробала унифицирани да ги направи, ама секој што доаѓа си прави што сака – вели Петар за „Ти си твојот град“.
Комуналец ја исчисти депонијата на влезот од Охрид
Post Views: 58 По 12 години барање до Локалната и ЈП „Охридски Комуналец“, конечно се реши проблемот на граѓаните кои живеат на самиот влез на Охрид.По налог на Општина Охрид, се реши долгогодишниот проблем со дива депонија и обраснатиот појас на Бул.Туристичка (на самиот влез на градот кај Плавобели згради) – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Во акцијата беа вклучени 2 машини, 1 камион, 2 трактори и 14 луѓе, а истата траеше две недели.
Жителите на Дебрца ќе добијат субвенции за велосипед
Post Views: 28 Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди, како и да го поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед.Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари. На барателот ќе му се надоместат дел...
Евакуирани 3000 лица поради пожар во Шпанија
Post Views: 38 Над 3.000 луѓе се евакуирани во Шпанија во текот на ноќта, поради шумски пожар во туристичкиот регион Коста дел Сол, јави ДПА.Причината за пожарот, што изби вчера попладне, сè уште не е утврдена. Најзагрозени беа 8.000 жители на Бенахавис и 300 на Пујера, западно од Малага. Повредени се тројца пожарникари.Температурите над 30 целзиусови степени, сушата и силните ветрови го отежнуваат денешното гаснење на пожарот. Се очекува ситуацијата да се подобри во текот на денот, штом стивнат ветровите. Околу 500 членови на Противпожарната единица, цивилна одбрана и...
Летно работно време на Градската Библиотека
Post Views: 53 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13-ти јуни до 5-ти септември ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во...
Загинаа првите луѓе на рускиот фејсбук
Post Views: 36 Двајцата лидери на социјалната мрежа наречена „руски Фејсбук“ загинаа вчера откако нивното теренско возило (АТВ) се превртело во разбеснета арктичка река.Заменик-извршниот директор 39-годишниот Владимир Габриелјан и директорот за набавка 44-годишниот Сергеј Мерзљаков ги загубија животите по неуспешниот обид да ја преминат реката Бољшој Бугрјанец во областа Аркангелск во северна Русија.Силен порој го превртел нивното возило кое потоа удрило во карпите. Габриелјан и Мерзљаков успеале да излезат од автомобилот, но починале од хипотермија бидејќи носеле мокра...
Прв случај на мајмунски сипаници во Грција
Post Views: 34 Во Грција е регистриран прв случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, покажуваат првичните резултати на националната здравствена агенција ЕОДИ.Пациент во Грција, каде што е регистриран вирусот на мајмунски сипаници, неодамна отпатувал во Португалија, пренесува „Ројтерс“.Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, соопшти грчката Национална здравствена агенција.







