Автор: инфодеск
Post Views: 62 Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00...
Мерцедес повлекува околу милион автомобили
Post Views: 33 Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ повлекува речиси милион постари возила ширум светот поради можни проблеми со сопирачките, пишуваат медиумите во светот.Компанијата во текот на викендот соопштила дека ќе контактира со сопствениците на одредени автомобили бидејќи нивните сопирачки можеби биле погодени од корозија. Повлекувањето се однесува на вкупно 993.407 возила, од кои 70.000 се во Германија, пишува Би-би-си.Според написите, „Мерцедес“ повлече сличен број автомобили минатата година поради безбедносен проблем со нивниот систем за итни...
Угостителските услуги во мај поскалеле за 9,7 отсто
Post Views: 45 Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.Споредено по групи на услуги, зголемување во мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалоци за 0,1 процент.Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 7 проценти, a во однос на декември лани зголемувањето е за 5,3 проценти.
Претставата Енергични луѓе повторно пред охриѓани
Post Views: 44 На 9-ти јуни, во четврток, со почеток во 20 часот, Народен театар Охрид ќе ја одигра претставата „Енергични Луѓе” – според Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Играат: Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063,...
Првата дама со поддршка на органодарителството
Post Views: 42 Националното здружение „Храбро срце“ доби поддршка и од првата дама на државава.Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија; професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје, со видео изјава ја поддржа кампањата за огранодарителство.Во продолжение погледнете го видеото!
МВР вработува полицајци
Post Views: 58 МВР распиша јавен оглас за вработување на нови 600 полицајци. Во Охрид се бараат 40 лица.I. За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, во:1. Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 100 извршители2. Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 40 извршители3. Сектор за внатрешни работи Охрид...
Казнети 9 возачи на мопеди и моторцикли во Охрид
Post Views: 32 На 04.06.2022 година од 12 до 18 часот, при сообраќајни контроли извршени во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 9 возачи на мопеди и моторцикли кои сториле прекршоци од кои 6 за неносење заштитна кацига.Полициските службеници во Дебар, санкционирале 3 возачи на моторни возила кои извршиле неправилно и непрописно престигнување на места на коловозот каде, со сообраќаен знак, престигнувањето е забрането – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Констатирани прекршоци во угостителски објекти
Post Views: 44 На 04/05.06.2022 година од 22 до 03 часот, СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршија контрола во 17 угостителски објекти во Охрид.Притоа, констатирани се вкупно 21 прекршоци, за што издадени се соодветни прекршочни платни налози – информираат од СВР Охрид.







