Автор: инфодеск
Post Views: 45 Општина Охрид ги известува граѓаните и сите останати учесници во сообраќајот дека од 02.06.2022 година, се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“ на потегот од пресек со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на улица „Кеј Македонија“ со улица „Ванчо Николески“.Погоре наведениот дел од улицата од 02.06. (четврток) 2022 година ќе се користи за движење на пешаци и велосипедисти.
Охриѓанец физички ја нападнал својата сопруга
Post Views: 34 На 31.05.2022 година во 11:15 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 28.05.2022 година околу 21 часот, И.М. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Недостасуваат сместувачки капацитети
Post Views: 34 Струга во сенка на Охрид. Градот на две води заостанува во туристичкиот развој. Една од причините е тоа што недостасуваат сместувачки капацитети. За разлика од охридското, на струшкото крајбрежје нема доволно луксузни хотели. Во градот има само неколку поголеми современи хотелски капацитети и мора да се размислува за инвестиции. Без инвестиции не може да се очекуваат поелитни гости.„Секогаш Струга ни каскала позади Охрид, тоа е поради тоа што има помали сместувачки капацитети. Да се вложува во дестинацијата, можеби има убави ресторани, но кога се во прашање...
Зголемен број карциноми и мозочни удари
Post Views: 58 Зголемен број на мозочни удари во регионот кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“. Од Велешта, преку Вевчани до Лабуништа забeлежително е зголемување и на бројот на карциноми. Лекарите велат, засега нема студии дали има поврзаност на овие здравствени проблеми со корона вирусот.„Имаме зголемена инциденца на мозочни удари. Не можеме да донесеме заклучок, бидејќи уште немаме релевантни студии, барем јас немам такви информации. Последниве две години симптоматично е, дали короната беше причината, овде во мојот регион да има зголемен број и на...
Какви плажи сакате?
Post Views: 40 Повеќе од извесно е дека и оваа туристичка сезона нема да има уредени плажи на брегот на Охридското Езеро. ТВМ телевизија на оваа актуелна тема организира дебатна емисија во која ќе гостуваат градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, претставници на поранешните концесионери на плажите, поканети се и претставници од министерство за транспорт и врски. За потребите на емисијата важно е да се слушне гласот на народот. Затоа, ве замолуваме, да ја одговорите оваа кратка анкета. Анкетата е анонимна, а резултатите од истата ќе бидат јавно презентирани во најновото...
По 100 евра помош од државата за младите во Србија
Post Views: 78 Денеска започна исплатата на 100 евра помош за младите. Министерот за финансии Синиша Мали, изјави дека Управата за финансии утрово веќе префрлила средства за 400.000 млади луѓе.Пари ќе добијат вкупно 1.105.196 лица, а исплатите како што рече, продолжуваат и утре и задутре.Под слоганот „Да кликнам од среќа“, државата го даде правото за аплицирање за помош од 100 евра, за граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години.Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај, а последен ден за пријавување до Трезорот...
Одложен Собирот за избор на МЗ во Трпејца и Косел
Post Views: 84 Согласно статутот на општина Охрид член 105, став 4, мандатот на членовите на советот на месната самуправа трае 4 (четири) години.Мандатот на сегашниот состав на советот на месната заедница Трпејца истекува на ден 30.10.2022 година, а мандатот на сегашиот состав на месната заедница Косел истекува на ден 07.09.2022 година.Поради тоа, Општина Охрид го одложува закажаниот собир на граѓани за овие две месни заедници. Изборот на Совет на месна заедница за овие две населени места ќе се изврши по истекот на мандатот на сегашиот состав.Активен мандат на совет...
Најдобри млади математичари од Охрид
Post Views: 35 Градоначалникот Кирил Пецаков на пригоден настан ги додели дипломите и признанијата на најдобрите млади математичари од Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот упати честитки до сите наградени ученици со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истакна дека Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи и да ги мотивира сите ученици кои остваруваат исклучителни образовни успеси, како и сите активности кои придонесуваат за подобрување на условите во наставниот процес.Дипломите и признанијата се доделуваат од...







