Skip to main content

Автор: инфодеск

Тстг: Ваква ,,галама” му прилега на Охрид

Post Views: 387 Наш сограѓанин од Месокастро ни ја прати снимкава со коментар ,,Ваква музика и ваква “галама” му прилега на Охрид. Секоја нота – посебна сила.”Инаку, ова е дел од 6. по ред најохридски настан на годината, ,,Ој љубов, љубов”, каде охриѓани во еден глас ги пеат традиционалните македонски песни.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.

Продолжи со читање

Пуштен во употреба целосно санираниот Музеј на вода

Post Views: 194 Денеска, во присуство на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, премиерот Христијан Мицковски, вице-премиерот Александар Николоски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и како и пратеници во Собранието, беше пуштен во употреба целосно санираниот Музеј на вода – „Заливот на коските”.-Минатата година овој музеј беше запуштен и заборавен – платформата на наколната населба и покривите на колибите оштетени, терасата пред музејот занемарена, системот за наводнување нефункционален, а условите за работа на вработените далеку од соодветни, рече...

Продолжи со читање

Амбасадорите на ЕУ и Словенија во Охрид: Голф клубот како симбол на нов туристички потенцијал

Post Views: 365 Денеска во Охрид се одржа третото коло од Охридската Голф Лига, на кое почесни гости беа амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и амбасадорот на Словенија во Македонија, Грегор Прескер.Со своето присуство, тие дадоа дополнителна тежина на овој спортски настан и испратија силна порака за поддршка на развојот на спортскиот туризам во земјава.Амбасадорите изразија задоволство од квалитетот на теренот, организацијата на натпреварот и нивото на игра, како и од целокупните можности што ги нуди голф теренот во Охрид. По завршување на турнирот, во...

Продолжи со читање

Младите македонски едриличари до 14 години на Светското првенство Оптимист 2025

Post Views: 198 Од 26ти Јуни до 6ти Јули 2025 година, во Порторож, Словенија, се одржа Светското првенство во едрење во класата Оптимист, кое собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави.Македонија настапи со четири претставници, кои успешно ја завршија регатата, стекнувајќи вредно меѓународно искуство и спортска мотивација за натамошен развој. Како што информираат од Македонската едриличарска федерација, првенството се одржа во услови со умерени ветрови, што бараше од натпреварувачите голема концентрација, техничка стабилност и тактичка прецизност. Се одржаа вкупно 9...

Продолжи со читање

Денес ќе се одржи традиционалната староградска пловидба „Ој љубов, љубов“

Post Views: 223 Денес традиционално ќе се одржи 6. по ред најохридски настан на годината.–Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно. Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено, велат организаторите.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.

Продолжи со читање

Денес наречение, утре востоличување на новиот Митрополит Георгиј

Post Views: 154 Со црковни церемонии викендов ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј.Денес, наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј ќе се одржи во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17 часот; а Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј утре во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

Продолжи со читање

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Post Views: 198 Денеска е Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра…Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.Црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на сончево и топло време

Post Views: 151 Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР велат дека следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.Денешните минимални температури во Охрид од 13, а максималните до 29 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

СВР Охрид со посебни безбедносни мерки за отворањето на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 199 СВР Охрид денеска и утре, презема посебни безбедносни мерки, со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“.Во делот на сообраќајот, на булеварот „Туристичка“, на булеварот „Македонски Просветители“ и кејот „Македонија“ од кружниот тек кон улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ „Илинденска“, „Кирил и Методиј“ и „Абас Емин“ како и кај паркинг просторот кај „Горна Порта“ и другите приоди кон Античкиот театар, ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила вклучително и на...

Продолжи со читање

Поднесено обвинение против две лица од Албанија кои ловеле незаконски во Охридското езеро

Post Views: 169 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.-На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов од член 229 став 1 од Кривичниот законик. Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител...

Продолжи со читање

Новиот рок од УНЕСКО е крајна опомена пред црвен картон

Post Views: 147 Одлуката на Унеско со која Охрид доби нов рок за исполнување на препораките, е крајна јавна опомена пред црвен картон, сметаат еколозите. Време е за освестување, контролирана урбанизација на крајбрежието, да се сочува Студенчишкото блато, да се затвори депонијата Буково, да запре загадувањето на езерото со функционален колекторски систем, да се сочува автентичноста на Старото градско јадро.Но, кога се зборува за Охридскиот регион, се мисли и на крајбрежјето во Струга и Поградец за што е потребна  координирана и  билатерална соработка...

Продолжи со читање

Детската театарска престава планирана за денес „Во царството на другарството“ е откажана

Post Views: 178 Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради превземање на засилени безбедносни мерки, планираната театарска престава „Во царството на другарството” која требаше да се одржи денес во 19:30 пред ТЦ Амам, се откажува.Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин.

Продолжи со читање