Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва ќе биде отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов

Views: 188 Вечерва во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов.Ова е петнаесетта самостојна изложба на авторот, на која ќе бидат претставени околу 40 дела изработени во акрилна и маслена техника.Изложбата обединува претежно фигуративни композиции создадени во последниот период, во кои човекот, просторот и сеќавањето стануваат дел од една поширока приказна за припадноста.Во творештвото на Попов, домот не се појавува како конкретно место, туку како состојба на духот. Неговите фигури често се...

Продолжи со читање

Woman in orange bikini applying sunscreen on a sunny beach day outdoors.

Дерматолог открива осум важни правила за употреба на кремите за заштита од сонце

Views: 260 Летните температури и сè почестото престојување на отворено ја прават заштитата од сонце поважна од кога било. Иако кремите со заштитен фактор станаа дел од секојдневната рутина на многумина, дерматолозите предупредуваат дека нивната ефикасност зависи од правилната употреба. Од количината што се нанесува, преку честотата на повторно мачкање, па сè до деловите од телото кои најчесто ги забораваме, малите грешки можат значително да ја намалат заштитата од штетното УВ-зрачење. Дерматологот д-р Ејми Перкинс за Stylist сподели осум совети кои можат да помогнат во поефикасна заштита...

Продолжи со читање

Пливачите на „Акваспирит“ со одличен настап на „Теута Куп 2026“ во Драч

Views: 234 Изминатиот викенд на олимпискиот базен „Так Дафа“ во Драч, Албанија, се одржа 5. Интернационален пливачки натпревар „Теута Куп 2026“, во организација на Пливачкиот клуб Теута.Пливачкиот клуб „Акваспирит“ забележа успешен настап, при што сите натпреварувачи ги подобрија своите лични резултати и достојно го претставија клубот на меѓународната сцена.Посебно се истакна Анастасија Цветаноска, која во силна конкуренција на пливачки родени во 2009 и 2010 година го освои второто место во дисциплината 100 метри градно, закитувајќи се со сребрен медал.Покрај...

Продолжи со читање

Денес охриѓани го слават Св. Еразмо Охридски

Views: 269 Денес православните верници го слават Св. Еразмо Охридски. Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот....

Продолжи со читање

Сончево и топло со температури до 27 степени Целзиусови

Views: 191 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот.Минималните температури денес во Охрид од 11, а максималните до 27...

Продолжи со читање

Богослужби по повод празникот Св. Еразмо Охридски

Views: 259 По повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, во манастирот „Свети Еразмо“ кај Охрид, со почеток во 19 часот ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба.Со богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.Прославата ќе продолжи утре, на 15 јуни (понеделник), кога на самиот празник на Свети Еразмо Охридски, со почеток во 8:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија, исто така предводена од митрополитот Георгиј.Од Дебарско-кичевската епархија ги повикуваат сите верници да...

Продолжи со читање

Утре ќе биде отворена самостојната изложба на Тони Попов насловена „Барајќи си дом“

Views: 205 На 15 јуни со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов.Ова е петнаесетта самостојна изложба на авторот, на која ќе бидат претставени околу 40 дела изработени во акрилна и маслена техника.Изложбата обединува претежно фигуративни композиции создадени во последниот период, во кои човекот, просторот и сеќавањето стануваат дел од една поширока приказна за припадноста.Во творештвото на Попов, домот не се појавува како конкретно место, туку како состојба на духот. Неговите...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 25 степени

Views: 224 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Максималната температура ќе се искачи до 25 степени.Во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Продолжи со читање