Автор: инфодеск
Post Views: 53 КУД ,,Дримкол” од Вевчани овие денови ја претставува нашата земја на 20-тата Смотра на фолклорот во Задар, Р. Хрватска. Смотрата е во организација на Музејот за заштита на споменици на град Задар и на Туристичката организација на Задар.Со своја изворна и автентична програма КУД „Дримкол“ се претстави пред Хрватската публика во рамки на официјалната програма на големата летна сцена, а со едночасовна програма ,,Дримкол” ја претстави вевчанската и македонска фолклорна традиција на плоштадот во Задар.Многу убава манифестација, одличен пречек...
Организирање повторена јавна анкета и презентација
Post Views: 43 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 15, УБ 15.7, ОПШТИНА ОХРИД...
Казнети возачи на мопеди кои не носеле заштитен шлем
Post Views: 52 На 29.05.2022 година од 15 до 21 часот, при извршени сообраќајни контроли кон возачи на мопеди и моторцикли, евидентирани се вкупно 14 прекршоци (Охрид-04, Кичево-08, Дебар-02) од кои, најчест е некористење заштитен шлем-кацига за време на управувањето.Против прекршителите, изречени се соодветни прекршочни платни налози. Целта на сообраќајните контроли е доследно придржување на законската обврска за задолжително носење заштитна опрема при управување со мотори и мопеди – информираат од СВР Охрид.
Горан Андоновски повторно тренер на ГРК Охрид
Post Views: 43 Горан Андоновски се враќа на позицијата тренер на ГРК Охрид, информираат од охридскиот ракометен клуб.Некогашниот репрезентативец на Република Македонија кој го има најголемиот успех со овој клуб во ЕХФ купот, потпиша двегодишен договор – велат оттаму.Наум Бабачев пак, ќе биде помошник тренер. Бабачев е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории.
Тепачка во Куратица
Post Views: 30 На 29.05.2022 година во 23.50 часот во СВР Охрид приведен е З.Р.(38) од охридското село Куратица.Тој, претходно, пред продажен објект во селото физички го нападнал Д.Ј.(35). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Цветни балкони-Цветен Охрид
Post Views: 28 Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат во :-с. Велгошти-с.Лескоец-с. Косел-с. Долно Лакочереј-с. Горно ЛакочерејАкцијата ќе се реализира на 2-ри јуни (четврток) и 3-ти јуни (петок) 2022 година.Граѓаните од гореспоменатите населени места кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го...
Охрид домаќин на натпревар во спортско едрење
Post Views: 65 Во организација на едриличарскиот клуб „Меч Рејс“ од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт, од 28-ми до 29-ти мај беше одржана првата етапа од третиот по ред Меч Рејс Куп – Охрид 2022.Се натпреваруваа четири тимови од 3 клубови: „Нов Ветер“ од Скопје, „Акватика Јахтинг“ и „Меч Рејс“ од Охрид.Победник на првата етапа е тимот од „Акватика Јахтинг“, во состав Стефан Ставрев, Марко Пројчески и Евгенија Огненова. Со оваа победа, тие обезбедија учество на финалето на овогодинешниот Меч Рејс...
Казнети 10 возачи во Охрид
Post Views: 37 На 28/29.05.2022 од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-10, Струга-02, Кичево-04).Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.







