Автор: инфодеск
Post Views: 51 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.А.(35) од охридското село Долно Лакочереј.При претрес во неговиот дом и помошни простории што ги користел, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 8 тегли со марихуана, саксија со засадено растение канабис сатива и две отсечени растенија канабис, како и мешавина од марихуана и тутун – се вели во соопштението на СВР...
Вечерва премиера на детската претстава Хајди
Post Views: 77 Вечерва со почеток во 20 часот, Драмското студио „Миладин“ од Струга премиерно ќе ја изведе детската театарска претстава „Хајди“. Претставата ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.Улогите ги толкуваат:Хајди – Матеја Миладинова,Дедото – Милан Блажески,Дета – Дафина Дејкоска,Мина – Адријана Клечкароска,Петре – Христо Дејкоски,Бабата – Бранкица Петковска,Клара – Емилија Спасеска,Таткото – Даниел Спироски,Гувернантата – Михаела Касниоска,Силва – Атанасија Дејкоска иНараторот – Даниел...
18-годишник усмрти пешак во Враништа
Post Views: 45 Тинејџер на 18-годишна возраст усмрти пешак во струшко во уште една сообраќајна несреќа со трагичен исход.Сообраќајката се случила на регионален пат во Враништа, струшко, а возачот кој управувал „фолксваген пасат“ прегазил 54-годишен маж од Струга.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал – потврдува МВР.Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.
Најмалку 15 загинати во поплавите во Кина
Post Views: 33 Најмалку 15 луѓе загинаа во поплавите и одроните за време на поројните дождови во јужна Кина, објавија државните медиуми.Според државната новинска агенција Ксинхуа осум лица загинале при уривање на две згради во провинцијата Фуџиан во близина на источниот брег на Кина.Државната телевизија CCTV објави дека пет лица загинале, додека три се водат како исчезнати во провинцијата Јунан.Властите соопштија дека водата однела три деца во округот Ксинченг, Гуангкси. Две деца загинале, а едно е спасено, јави Асошиејтед прес (АП).Невремето оштети патишта,...
Невреме во Хрватска
Post Views: 39 Невреме со грмотевици го погоди северозападниот дел на Хрватска, а дуваше силен ветар и паѓаше пороен дожд, јавија утринава хрватските медиуми.На подрачјето на Бјеловар и Копривница, пожарникарите синоќа имаа технички интервенции за отстранување на дрвја и гранки од сообраќајниците, а имаше и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува Хина.Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ беа на терен и ги отстрануваа последиците од невремето. Бидејќи ветрот скрши многу дрвја, дел од патиштата беа привремено непроодни.
СДСМ Охрид : Каде се уредените плажи на Пецаков?
Post Views: 41 Помина скоро една година од одлуката на УНЕСКО со која Општина Охрид доби втора шанса и рок од две години да ја исполни долгата листа на обврски, ама исто така поминува скоро една година откако сегашниот ни Градоначалник се сликаше со стопанствениците на плажите и гласно ја обвинуваше тогашната локална власт, реагираат од ОО на СДСМ Охрид.„Помина скоро еден месец откако истиот тој Градоначалник изјави дека и оваа сезона плажите ќе функционираат без концесионери и ќе останат неуредени, но овој пат бидејќи не може да се обвинува себеси, виновна му е централната...
Ширење на бранот од лаги, воена инвазија и инвазија од дезинформации
Post Views: 351 Во текот на месец февруари, во периодот пред инвазијата на Русија врз Украина, кај редица медиуми во Северна Македонија преовладуваше збунетост за тоа колку сериозно треба да се земаат најавите за агресија на Руската Федерација врз својот југозападен сосед. Оние медиуми кои веќе имаа претходно изградени ставови во однос на НАТО и Русија, известуваа според претходно зацртаните уредувачки политики. Арно ама, кај не мал број медиуми, од начинот на покривањето на настаните се забележуваше дека владее збунетост за тоа како да се третираат спротивставените информации...
Лавров во уште една спин офанзива за оправдување на руската агресија врз Украина
Post Views: 377 Во својот настап пред неколку српски медиуми шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров искажа повеќе спинови:Спин 1: Во војната со санкции ЕУ ги вовлече балканските влади како Црна Гора, Северна Македонија. Нив ги привлекоа со ветувања за брзо зближување со ЕУ. Тоа не се случи и ги вовлекоа во НАТО во антируски активности и антируски кампањи. Тогаш ги потапкаа по раме и рекоа: „Браво дечки, продолжете во тој дух“.[Извор: Спутник Србија (4 минута од видеото); датум: 30.03.2022]Контраспин: Тврдењето на Лавров дека...







