Автор: инфодеск
Post Views: 26 Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ викендов ќе учествува на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ. Најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот, каде што ќе учествуваат повеќе земји.„ХВА РАНГ ИТФ“ ќе настапи под водство на тренерот Марјанчо Лазаревски.На овој натпревар боите на клубот, а воедно и на Македонијада одлучивме да ги бранат 20 натпреварувачи, од кои 5 редовни натпреварувачи, а 15 дебитанти. Се надеваме дека добро ќе не претстават иако конкуренцијата е голема – вели Марјанчо...
Театарската претстава за деца Хајди во Струга
Post Views: 69 Оваа сабота со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одигра театарската претстава за деца „Хајди“. Драматизација и режија е на Ристе Миладин, а во претставата играат членовите на драмското студио Миладин:Хајди – Матеја Миладинова, Дедото – Милан Блажески, Дета – Дафина Дејкоска, Мина – Адријана Клечкароска, Петре – Христо Дејкоски, Бабата – Бранкица Петковска, Клара – Емилија Спасеска, Таткото – Даниел Спироски, Гувернантата – Михаела Касниоска, Силва –...
Меморија најавува концерт за сите генерации
Post Views: 41 Култната скопска музичка група „Меморија“ за 11-ти јуни најавува спектакл под отворено небо. Картите за концертот на стадионот на АРМ се во продажба.Како што најави Петар Георгиевски за постарата генерација фанови на групата предвидени се 150 места за седење, но и тие се во слободна продажба. Меморија и овој пат како во 2017 година во Метрополис Арената ќе свири и пее за сите генерации кои музичкиот опус го следеа низ децениите постоење на македонската музичка сцена.Сакаме да поставиме нови стандарди за сите наредни уметници кои ќе одржуваат концерти на...
Охридската касарна се враќа во својот сјај
Post Views: 28 „Енхелеус Лихнид” организираше голема еколошка акција во најголемиот парк во Охрид.Мисијата да ова култно место, кое за жал останало на забот на времето го претвориме во место за уживање и место кое ќе шири култура, полека полека станува успешна – велат од здружението.Заедно со активисти од Еколошкото друштво „Грашница„ „Чист Охрид” , ЈП „Охридски Комуналец” „Културолошка иницијатива 5 до 12″ , Kasarna Hub и највредните ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, се исчисти просторот...
Британци нападнале охриѓанец
Post Views: 32 На 24.05.2022 околу 20.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.О.Г.(21) и К.К.(29), двајцата од Велика Британија, затоа што на улица „Наум Охридски” физички го нападнале Б.Н.(48) од Охрид“, велат од МВР.Во соопштението се додава дека двајцата се задржани во СВР Охрид за понатамошна постапка.
Во пожар изгореа хуманитарни пакети за Украина
Post Views: 37 Во пожар, што од засега непознати причини изби во надворешниот дел на спортска сала во Атина, целосно се уништени кутии со облека и покривки, дел од хуманитарна помош наменета за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.Во гаснењето на пожарот, што е ставен под контрола, интервенирале десет пожарникари со три возила.
Дали ќе се реши проблемот со информативните табли?
Post Views: 45 Во рубриката „Ти си твојот град“, граѓани реагираа на поставените инфо табли на пристаништето. Табли, рекламни знамиња, инфо пултови, столчиња, чадори за сонце се дел од реквизитите кои си ги поставуваат бродари и сопственици на катамараните за понепосредно да ги запознаат минувачите на кејот со понудите за крстарења и екскурзии по езерото.Од инфо таблите не се гледа езеротоИ се ќе беше во ред тоа да беше подобро замислено и со подобар изглед. Вака како што е со таблите, секое лето на тој потег, најубавиот простор е претворен во ругло на Охрид – пишуваат...
Кампот „Треска“ руиниран
Post Views: 167 Кампот „Треска” 25 години препуштен на забот на времето. Руинирани камп приколки, бунгалови завиени во пајажина, распаднат ресторан, рецепција, депонии и грмушки. Ваква слика ќе ве дочека денес во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро. На само 2 километри јужно од селото Радожда, на границата со Албанија, некогаш една од најубавите камп приказни во земјава.Првиот човек за туризам Љупчо Јаневски вели, авто камповите се подзаборавени. Во следниот период мора да се инвестира во развој на камп-туризам.„Локацијата на...







