Автор: инфодеск
Post Views: 287 Од 04 до 10 јули 2025г во Хотел Дрим Струга, се одржа Втора лига на Македонија за 2025 год во шах, во организација на Шаховска Федерација на Македонија, на првенството учествуваа 10 екипи.ШК Ласкер Охрид учествуваше со своја екипа, првенството се играше на шест табли, по Бергер систем ( секој со секого), со темпо на игра 90 минути со 30 секунди додаток на секој потег. Екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 6 место со осум бода, 26 меч поени освоени од три победи, две ремиа и четири порази.За екипата на ШК Ласкер Охрид настапија: Гоце...
Утре започнува 65. „Охридско лето“
Post Views: 215 Под мотото „Трансформација на сетилата“ , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со...
Општина Охрид објави Јавен повик за работно ангажирање на 10 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина
Post Views: 160 Општина Охрид во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на РМ го објавува следниот јавен повик:ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЗА ЗА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ И ЗАШТИТА И ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАПовеќе информации на линкот.
Пренос на моштите на мачениците, бесребреници и чудотворци Кир и Јован
Post Views: 209 Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави Ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на светите Кир и Јован. Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти...
Денес времето во Охрид сончево и посвежо
Post Views: 157 Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите ќе се движат во интервал од 9 до 26 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Теристичка дезинсекција против комарци во понеделник
Post Views: 127 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 14.07.2025 година (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци....
ЕУ амбасадорот Михалис Рокас оствари средба со членовите на Советот на Општина Охрид
Post Views: 127 Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание...
Охрид доби уште една година рок за зачувување на статусот на УНЕСКО
Post Views: 167 Охрид доби уште една шанса, нов рок една година за исполнување на препораките. На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз, денес е усвоен амандманот со кој се одложи нацрт одлуката за впишување на регионот на Листата светско наследство во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата има рок до 1. февруари идната година да достави извештај.–Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на РМ и Владата на Албанија кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци. Со една...
Во вчерашната сообраќајка животот го изгуби 83-годишен охриѓанец, повредени уште две лица
Post Views: 192 На 9-ти јули 2025 година, во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Оровник, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице.– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишно лице од Охрид и патничко возило „Ауди“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 36 годишно лице од селото Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош...
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас во прва официјална посета на Охрид
Post Views: 145 Приоритетите на локалната самоуправа и на ЕУ во поглед на овој град се исти, истакна високиот гости. На работаната средба со Градоначалникот Кирил Пецаков во фокусот беа проектите кои Општина Охрид ги реализира со поддршка на европските фондови, предизвиците и плановите за во иднина.-На средбата ги истакнавме неколкуте проекти кои во минатото ги завршивме заедно како Општина и како Европска Унија и сето тоа што го поддржуваат. Поразговаравме и за предизвиците кои се пред нас, меѓутоа и сето она кое за нас е важно во наредниот период, кои се најголемите...
Утре на детскиот репертоар претставата „Во царството на другарството“
Post Views: 182 Утре во 20:30 часот, на сцената кај „ТЦ Амам“, ќе биде прикажана уште една театарска приказна за најмладите – „Во царството на другарството“, а во изведба на Театар Хит од Скопје. Претставата носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режија на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги толкуваат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.
Девет активни пожари во Македонија, најдени докази за подметнати пожари
Post Views: 241 Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари.Активни пожари (9):Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на...