Автор: инфодеск
Views: 240 Фестивалот „Вдиши театар“ продолжува на третиот фестивалски ден во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, со две театарски изведби од аматерски театарски групи од Република Србија.Со почеток во 18:30 часот ќе биде изведена претставата „Трибина, куфер, бабушка и поет“ на Црвен крст Крагуевац, која преку приказна за стравовите, надежите, загубите и внатрешните борби го прикажува животот во неговото најискрено значење.Во 20:00 часот на програмата е претставата „Берачи“ на Црвен крст Ужице. Делото раскажува за година обележана со екстремни временски услови, кога двајца пријатели...
Охрид од 15 до 18 јуни ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир OHRID HOOPS 2026
Views: 352 Од 15 до 18 јуни, Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир „OHRID HOOPS 2026″, кој годинава ќе собере 11 екипи од пет држави – Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора.Турнирот, во организација на КК „Колибри”- Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи во категориите U11, U13 и U15, а младите кошаркари ќе имаат можност да ги покажат своите способности и талент во четиридневна спортска програма исполнета со натпревари, дружење и нови пријателства.Посебно внимание привлекува учеството на втората екипа на турскиот...
Вечерва во Охрид ќе биде изведена мултимедијалната претстава „Конференција на животните 2.0 – Гласови за иднината“
Views: 270 Вечерва, 12 јуни, со почеток во 20 часот, во дворот на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе биде изведена мултимедијалната театарска претстава „Конференција на животните 2.0 – Гласови за иднината“, создадена од ученици од Скопје, Охрид, Гостивар и Прилеп.Претставата е резултат на летниот театарски камп што од 8 до 13 јуни се одржува во Охрид во организација на Гете-институт Скопје. Во текот на неколкудневната работа, младите учесници заеднички создаваа оригинална сценска приказна, комбинирајќи театар, јазик и дигитални медиуми.Инспирирана од познатото дело „Конференција на...
Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците на прославата на Свети Еразмо Охридски
Views: 271 МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија упати покана до православните верници за заедничко молитвено чествување на празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, еден од најпочитуваните светители и заштитници на охридскиот крај.По повод празникот, на 14 јуни (недела) во манастирот „Свети Еразмо“ кај Охрид, со почеток во 19 часот ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба. Со богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.Прославата ќе продолжи и следниот ден, на 15 јуни (понеделник), кога на...
Кривична пријава за бесправно градење и узурпација на државно земјиште во Трпејца
Views: 289 Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од охридското село Лескоец поради сомнение дека сторило кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.Пријавениот на катастарска парцела во државна сопственост во селото Трпејца неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба издадено од надлежен орган, информираа од СВР Охрид.Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.
Во вторник дезинсекција против комарци
Views: 247 Во вторник, 16 јуни, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник до 06 часот во среда, информираат од Општина Охрид.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, велат од...
Утре ќе се одржи јубилејна 10. ИПА велосипедска тура Охрид–Струга–Радожда
Views: 292 Во организација на ИПА Регион Охрид, утре ќе се одржи јубилејната десетта по ред меѓународна ИПА велосипедска рекреативна тура „Охрид–Струга–Радожда“, која и годинава ќе ги обедини љубителите на велосипедизмот од земјава и странство.Стартот на турата е закажан за 8 часот од Градското пристаниште во Охрид. Учесниците ќе се движат по охридскиот кеј и низ дел од градските улици, по што ќе продолжат по стариот пат кон Струга, покрај брегот на Охридското Езеро и низ живописните предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“, сè до туристичката населба Радожда....
Дарио Павлески е првенец на генерацијата во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид
Views: 260 Дарио Павлески е избран за првенец на генерацијата 2026-та во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, објавија од училиштето посочувајќи дека признанието му припадна како резултат на неговиот труд, дисциплина, континуирани успеси и високи човечки вредности.Низ четирите години гимназиско образование, Дарио се истакнал како пример за трудољубивост, дисциплина и скромност. Неговите професори и соученици го опишуваат како тивок и ненаметлив млад човек, кој со работа и упорност постигнува врвни резултати, потврдувајќи ја народната мудрост дека „тивка вода брег рони“.-Особено...









