Skip to main content

Автор: инфодеск

Падобранци

Видеото од руски војници кои со падобрани се спуштаат над Харков е старо најмалку 8 години

Post Views: 107 Видео снимка од наводно илјадници руски војници кои се спуштаат со падобрани над украинскиот град Харков се појави на социјалните мрежи. Видеото за кратко време стана многу вирално, а го презедоа и дел од македонските портали (тука и тука). Според објавеното, освен со тенкови, авиони и со хеликоптери, руските војници со падобрани слетувале на украинска територија.Нашата проверка покажа дека станува збор за видео старо најмалку 8 до 10 години. На социјалната мрежа Твитер се појави чудесно видео на кое се гледа како небото над Украина е...

Продолжи со читање

Володимир Зеленски

Зеленски не избегал од Украина за Лондон

Post Views: 116 Во насловот на веста се вели:Кога претседател е комичар, местото вообичаено ќе биде трагично! Зеленски утрово им вети на жителите на Украина дека ќе биде со нив до крај, а сега ги пакува куферите за Лондон!И во содржината на текстот повикувајќи се на наводни дипломатски извори, порталот тврди дека Зеленски е надвор од земјата, а со оглед на тоа што премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон му понудил азил, се претпоставува која е следната дестинација.Меѓутоа, ова е дезинформација. Претседателот на Украина е во Украина и тоа самиот го...

Продолжи со читање

Авиони Македонија

Авиони на македонската авијација не прелетувале над руската амбасада во Скопје

Post Views: 123 Фејсбук објава тврди дека авиони на македонската авијација биле активирани над руската амбасада во Скопје. Ова е неточна информација.UTROVO E AKTIVIRANA MAKEDONSKATA AVIJACIJA NADRUSKATA AMBASADA VO SKOPJE, се вели во постот.На Фејсбук профилот објавени се пет фотографии на кои се гледаат авиони во лет. За овие фотографии се тврди дека прикажуваат како македонската авијација правела прелети над руската амбасада во Скопје, во средата, еден ден пред Русија официјално да ја нападне Украина.Информацијата е неточна. Податокот, кој...

Продолжи со читање

Володимир Зеленски

Зеленски не им дал наредба на украинските војници да уништат се што ќе им дојде на нишан

Post Views: 55 Откако Русија ја нападна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор кој во дел македонски медиуми беше коректно пренесен, меѓутоа дел од нив пренесоа сензационалистички наслови кои не беа точни, во кои се велеше дека Зеленски изјавил: „Уништете сè што ќе ви дојде на нишан, Зеленски им издал храбра наредба на украинските војници“. Еден таков пример може да се погледне на следниот тука, а и на следниот линк.Токму овој дел од насловот, „уништете сè што ќе ви дојде на нишан“ е нешто што Зеленски го нема изјавено. Ова е...

Продолжи со читање

Владимир Путин

Путин не ги спомна Пендаровски и Вучиќ во својот говор

Post Views: 112 Текст насловен: „Путин ги предупреди Пендаровски Вучиќ и балканските лидери да не се мешаат? АКО НЕКОЈ ПОКУША ДА НИ ЗАСМЕТА ЌЕ ПРЕТРПИ ОГРОМНИ ПОСЛЕДИЦИ“, пренесува дел од обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин од 24.02.2022 година, денот кога Русија ја нападна Украина.Текстот во насловот тврди дека Путин во својот говор ги предупредил македонскиот и српскиот претседател, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ, како и другите балкански лидери, да не се мешаат во рускиот поход на Украина. Ова не е вистина, Путин...

Продолжи со читање

Украински војници

Не е вистина дека украинските војници масовно го положувале оружјето

Post Views: 38 За време на нападот на Русија на Украина кој почна во раните утрински часови на 24.02.2022 година, во медиумите се појави вест дека украинските војници масовно го положувале оружјето и се повлекувале од борбените позиции. Веста, за која немаше никаква официјална повтрда, ја објавија неколку македонски портали, повикувајќи се на Москва, која пак информациите ги добила од разузнавачките служби. Информацијата дека украински војници масовно го положувале оружјето ја демантираа украинските проверувачи на факти.Според податоците нa военото разузнување,...

Продолжи со читање

Авиони

Ова видео не е од руската инвазија на Украина, старо е две години

Post Views: 54 Руската инвазија во Украина предизвика лавина од видеоматеријали на социјалните мрежи, но меѓу овие видеа има и такви кои не датираат од руската инвазија, туку од порано.Таков е примерот со ова видео, за кое се тврди дека отсликува руски борбени авиони кои го надлетуваат Киев. Видеото е објавено на 24 февруари 2022 година, дента кога започнаа руските напади. Во текстот се вели дека руски борбени авиони од утрината (значи од 24 февруари 2022 година н.з), ја надлетуваат украинската престолина Киев, бидејќи Русија со високопрецизно оружје потполно го...

Продолжи со читање

Стевче Јакимовски

Јакимоски спинува кога вели дека војната е поради украинскиот претседател комичар

Post Views: 56 Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на парламентарна политичка партија ГРОМ, Стевче Јакимовски, зборувајќи на национално достапната телевиизија ТВ 24, изнесе ставови за инвазијата на Русија врз Украина во кои се препознаваат спинови:Спин: …Обидите да се дојде до руски граници и да се заокружи Русија е опасен потег… Оваа работа е премногу сериозна, ова може да има верижна реакција… Не случајно е дојден носачот на авиони на Балкан, има нова војска на Бондстил…Во Украина осум години, како во Хрватска пред војната се отпуштаат од работа...

Продолжи со читање