Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонски просветители

Нов времен режим на сообраќај на Мак. Просветители

Post Views: 67 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 23.05.2022 (понеделник) на дел од улицата „Македонски Просветители“ и на дел од улицата „Димитар Влахов“ ќе се воспостави нов времен режим на сообраќај заради интензивирање на градежните работи на улицата „Македонски Просветители“.На ул. „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „Даме Груев“ па се до крстосницата на оваа улица со улицата „Партизанска“ ќе се воспостави еднонасочен сообраќај во правец кон езерото.Возилата кои се движат по ул. „Димитар Влахов“ на...

Продолжи со читање

Републички натпревар млади библиотекари

Заврши 21 Републички натпревар Млади библиотекари

Post Views: 37 Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21-от Републички натпревар „Млади библиотекари“ што се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода, победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со...

Продолжи со читање

Хуманитарна продажна акција

Во тек е хуманитарна продажна акција во Охрид

Post Views: 35 На плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во тек е голема хуманитарна продажна акција. Истата е во организација на ОО Црвен крст Охрид и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.Акцијата ќе трае до 17 часот, а изложени се надалеку познатите производи на „Комфи Ангел“, постелнини, перници, јоргани, душеци и др. Посетителите имаат единствена можност производите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.Дел од собраните средства ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани во Охрид. Но, дел ќе има и за бегалците од Украина кои...

Продолжи со читање

Центар за култура

ФА Бисери врши упис на нови членови

Post Views: 28 Фолклорниот ансамбл „Бисери“ при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид врши упис на нови членови и тоа во следниве категории:Играорки/Играорцичленови во народен оркестарИнформации од понеделник-петок од 11-17 часот на следните телефонски броеви071-391-086 Маја075-340-494 ЃокоИнаку, членувањето во ФА „Бисери“ е бесплатно!

Продолжи со читање

ден на пожарникарите

Со показна вежба одбележан Денот на пожарникарите

Post Views: 49 Во Охрид се одбележа Денот на пожарникарите. По тој повод беше презентирана показна симулативна вежба извлекување на повредени во тешка сообраќајна несреќа. Статистички гледано, во Охрид, годишно се случуваат од 390 до 420 интервенции. Во пресрет на летото и сушниот период пожарникарите повикаа граѓаните да бидат посовесни и одговорни.Овој период немаме некој поголем интензитет на пожари, посебно пожари на отворен простор, бидејќи вегетацијата е веќе зазелената. Меѓутоа, во наредниот период се очекуваат. Статистички, изминатите години, пожарите се движат горе...

Продолжи со читање

Изложба Излишно

Изложба Излишно на Наташа Гелева

Post Views: 22 Во рамки на годишната програма на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид, на 26-ти мај, со почеток во 19 часот во изложбениот салон, ќе биде отворена изложбата на фотографии насловена „Излишно“, на уметницата Наташа Гелева.„Циклусот од 30 фотографии „Излишно“ се занимава со документација на објекти во распаѓање, јавни објекти кои своевремено служеле на заедницата, а денес сведочат за нашата негрижа и изгубени вредности на солидарност, социјална и економска несигурност, општество кој го става граѓанинот на последно место.Соочувајќи се со излишноста на овие објекти,...

Продолжи со читање

Јавен превоз

Три лица од Охрид вршеле јавен превоз без лиценца

Post Views: 81 СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во охридското село Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите И.В. и М.В. како и против Н.Ј.-возач во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При контрола извршена на 08.05.2022 година, полициските службеници, на улицата „Питу Гули” во Охрид, сопреле автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавениот Н.Ј. Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен...

Продолжи со читање

полициска лента

СВР со детали за сообраќајката на ул. 7-ми ноември

Post Views: 31 На 19.05.2022 во 16:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември”, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш. (53) од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо” – Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање