Skip to main content

Автор: инфодеск

Моќта на Русија

Со измислена изјава се велича моќта на Русија

Post Views: 48 „Путин: Нашата ракета пристигнува за 5  минути до оние кои издаваат наредби“ е насловот на содржината што ја разгледуваме, и е објавена на 2 декември 2021 година на порталот „Директно“, а дистрибуирана на „Фејсбук“ на 27 јануари 2022 година од страницата „Дијаспора Заедно“.На прв поглед бомбастичниот наслов и драматичните фотографии се главните елементи за привлекување внимание, сепак тоа е непрофесионален медиумски производ. Во текстот што го рецензираме го нема името на авторот кој работел на оваа „вест“ и тоа е во спротивност со новинарските...

Продолжи со читање

Џонсон и Петровска

Џонсон во изјава за Нато не ја споменува Петровска ниту Македонија

Post Views: 38 Во првиот дел од насловот пишува дека „Џонсон ја попари Славјанка“. Станува збор за непрофесионална класификација која воопшто не е во согласност со новинарските принципи. Според Етички кодекс за новинарство, непримерната комуникација со јавноста не е соодветна за професијата новинар. Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон во својата изјава за Британскиот јавен сервис на БиБиСи, во ниту еден момент не ја спомнува ниту Петровска, ниту Северна Македонија. Тоа не се спомнува ниту во својот целосен говор објавен од...

Продолжи со читање

Гас

Македонската економија полека се престројува на гас

Post Views: 47 Северна Македонија за две години ја напушта целосната зависност од рускиот гас. Првите количини на руски гас во Северна Македонија пристигнаа во втората половина на 90-тите години. Капацитетот на цевката е 800 милиони кубни метри гас, при притисок од 40 бари. Доколку се смени компресорската станица кај Ќустендил на 54 бари, можеме да добиеме максимален капацитет од 1,2 милијарда кубни метри гас.Но, овој капацитет никогаш не достигна искористеност повеќе од 40 отсто. Причините, според Мирче Адамчевски, поранешен дописник на „Нова...

Продолжи со читање

Љубчо Георгиевски

Георгиевски не дал изјава за случувањата во Украина

Post Views: 47 Анонимна Фејсбук страница објави пост којшто е невистинит, а во кој се прикажува дека претседателот на ВМРО НП, Лубчо Георгиевски, зазема став во однос на делувањето на македонско – безбедносните сили поврзан со случувањата во Украина.Георгиевски – Македонските трупи во Украина мора да извршат силен притисок на Русија, се вели во објавата.Се работи за неточна информација напишана над фотографијата на претседателот на ВМРО НП.Георгиевски за „Вистиномер“ потврди дека објавата е чиста дезинформација.Се работи за...

Продолжи со читање

Кромид лек

Лага е дека баба од Русија открила таен рецепт за висок притисок

Post Views: 45 Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека баба од Русија имала таен рецепт за висок крвен притисок и за покачен шеќер во крвта.Оваа баба го откри тајниот рецепет, се вели во постот.Постот е придружен со линк од напис во кој се посочува дека 75-годишна баба од Русија со помош на кромид го регулирала високиот крвен притисок. Во прилог на написот има фотографија од една старица и секако рецепт од „волшебниот напиток“.Науто сварете една главица кромод (околу 300 грама) со 250 милилитри вода. Варете од 8 до 10 минути.Течноста...

Продолжи со читање

Војници

Искривена изјава на руски функционер влеа страв за голема војна

Post Views: 43 Во текстот што го анализираме, порталот Инфомакс го користит насловот: Алармот се вклучи: НАТО се подготвува за голема војна со Русија.На почетокот насловот е бомбастичен и многу сензационален. Насловот остава впечаток дека веста содржи информации потврдени за оваа подготовка од НАТО бидејќи првично не пишува дека тоа е изјава на службено лице и да се цитира соодветно. Во насловот проблематична е и придавката „голема“, крајно хиперболизирање, од страна авторот на текстот, што не може да се најде никаде во оригиналната изјава на функционерот....

Продолжи со читање

Руска опрема

Непотребна медиумска хиперболизација на руска воена опрема

Post Views: 41 На 6 јануари 2022 година преку сензационален наслов, страницата “N-news Media” ги информира читателите дека Русија претстави нов борбен дрон. Во хиперболизираниот наслов дронот ни е претставен како „ѕвер на небото“ чија цел е да ги заштити интересите на руската држава од Америка. Меѓутоа, содржината на текстот, во ниту еден момент не му ги претставува на читателот тврдењата изнесени во насловот на медиумскиот производ. Содржината е сиромашна со информации и не дава релевантни извори за информациите што му ги прикажува на читателот.„Русија...

Продолжи со читање

Контраспин

Високите увозни цени на гасот не се поврзани со владините преговарачки способности

Post Views: 35 Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение објавено на нивната официјална страница на 13 јануари 2022 година тврди дека Владата не успеала да издејствува поефтин гас за граѓаните на Северна Македонија.Спин: Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас. Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на...

Продолжи со читање