Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес ќе биде отворена изложбата „Македонски автори од Збирката на современа уметност“ по повод 75 години од НУ Завод и Музеј – Охрид

Views: 176 По повод одбележувањето на 75 години од основањето на НУ Завод и Музеј – Охрид, денес ќе биде отворена изложбата „Македонски автори од Збирката на современа уметност“.Изложбата претставува избор на дела од богатата музејска колекција, преку кои посетителите ќе имаат можност да се запознаат со значајни македонски автори и уметнички правци што оставиле траен белег во развојот на современата македонска уметност.Поставката нуди ретка можност јавноста повторно да се сретне со дел од културното наследство што институцијата го собира, чува, проучува и презентира во текот на...

Продолжи со читање

Започна фудбалскиот Мундијал 2026 – Светот повторно живее за фудбалот

Views: 455 Со свечена церемонија во Мексико Сити и натпреварот помеѓу домаќинот Мексико и Јужноафриканската Република, официјално започна Светското првенство во фудбал 2026, најголемиот Мундијал во историјата на овој спорт.Турнирот за првпат се одржува во три земји, САД, Мексико и Канада, а на него учествуваат рекордни 48 репрезентации кои ќе одиграат вкупно 104 натпревари. Натпреварите ќе се играат на 16 стадиони во трите земји-домаќини, додека големото финале е закажано за 19 јули.Отворањето беше проследено со спектакуларна програма и настапи на светски музички ѕвезди, пред...

Продолжи со читање

Прекин вода

Дел од Охрид денес повеќе часови без вода

Views: 262 Поради дефект на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот без вода повеќе часови ќе останат корисниците на улицата „Јордан Мијалков“.Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека поради интервенцијата, со намален притисок во водоснабдувањето ќе бидат и жителите од високата зона на градот, како и селата Лескоец и Горно Лакочереј.Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Од претпријатието најавуваат дека активностите ќе продолжат сè до целосно завршување на санацијата и нормализирање на водоснабдувањето.

Продолжи со читање

Преподобен Исакиј Исповедник

Views: 166 Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори им ги црквите на правоверните и Бог ќе го благослови твојот пат!“ Но, царот го занемари старецот и го продолжи патот. Утредента пак...

Продолжи со читање

Денес нестабилно и посвежо време

Views: 183 Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h).Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 21 степен Целзиусов.

Продолжи со читање

Митрополитот Георгиј денес оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка

Views: 178 Во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, денеска оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка (ПЦА).-Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер, информираат од Дебарско-кичевската епархија, при МПЦ-ОА.

Продолжи со читање

Дезинсекција

Дезинсекција против комарци во вторник

Views: 188 Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  16.06.2026 год.  (вторник)   ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци....

Продолжи со читање

Професорот Љупчо Кеверески изработи „Прирачник за родители на надарени и талентирани деца“

Views: 239 Професорот Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет во Битола изработи Прирачник за родители на надарени и талентирани деца, што е значајна литература што нуди практични насоки и совети за препознавање, поттикнување и развој на потенцијалите кај децата.-Содржините во прирачникот можат да бидат од голема корист за родителите во нивната секојдневна поддршка на напредните вештини, знаења и интереси на своите деца. Упатувам искрена благодарност до професорот Кеверески за овој придонес и ги охрабрувам родителите да го прочитаат и да ги применат препораките што ги содржи. Воедно,...

Продолжи со читање