Skip to main content

Автор: инфодеск

„Збогум Буково“ со трето официјално барање за расчистување на дивата депонија кај „Марко Цепенков“ во кругот на болницата

Post Views: 72 Трето официјално барање покрај многубројните неофицијални достави инцијативата „Збогум Буково“ до градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за расчистување на дивата депонија покрај улицата „Марко Цепенков” во кругот на болницата.–Општината има законска обврска за мапирање, расчистување и превенирање на сите диви “депонии” на нејзината територија. Постапувањето според оваа обврска во случај кога ѓубриштето се наоѓа на приватен имот е отежнато и според досегашното наше искуство скоро невозможно. Законот за управување со отпад го уредува ова многу прецизно...

Продолжи со читање

Интервенција на водоводната мрежа, утрово неколку улици без вода

Post Views: 73 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Кленоец“ и „Македонски Просветители“, на потегот од пресекот со улицата „Дејан Војвода“ до пресекот со улицата „Абас Емин“.

Продолжи со читање

Светиот маченик Георгиј Кратовски

Post Views: 57 На 11(24) февруари нашата Светата православна црква го празнува споменот на Свети Ѓорѓи Кратовски, кој на овој ден 1515 година во Софија бил мачен, а потоа запален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.Житието вели дека Свети Ѓорѓи Кратовски е роден во 1497 година во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето отишол на кујунџиски занает, кој во Кратово во тоа време бил популарен поради рудниците. Набргу станал познат мајстор.Во тоа време турските...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 74 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.Денес во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб...

Продолжи со читање

Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе се натпреварува на Зимска параолимпијада во категоријата параскијање

Post Views: 161 Скијачката федерација на Македонија објави дека Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада – Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026.-Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија и доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можеме да поместуваме граници и да создадеме нови страници во спортската историја, велат од Скијачката федерација на Македонија.Од таму упатија искрена благодарност до целиот стручен тим, тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, Вангел Тркаљанов кој го...

Продолжи со читање

Од полноќ ново поскапување на горивата

Post Views: 89 Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг.Од поноќ бензинот „евросупер БС-95“ ќе се продава за 73,50 денари/литар, „евросупер БС-98“ – 75,50 денари/литар,...

Продолжи со читање

Водата во Струга може да се користи како техничка

Post Views: 101 Водата од градскиот водовод во Струга може да се користи како техничка вода, но за пиење се уште не ги задоволува безбедносните стандарди. Ова се резултатите од денешните анализи, иако е намалена, матноста се уште е над дозволените граници.Стружани  повеќе од две недели немаат  безбедна вода, како псоледица на нелегални ископи во близина на извориштето Шум.-Резултатите денес се од 1,6 до 1,7. 1,5 е нормално, односно 1,5 единици.Водата сега може стружани да ја користат како техничка вода – за капење и одржување на лична хигиена, но...

Продолжи со читање

Мексико како во воена зона по убиството на озлогласениот наркобос Ел Менча

Post Views: 86 Вчера Мексиканската војска го уби водачот на картелот „Нова генерација Халиско“, Немесио Рубен Озегвера Сервантес, попознат како Ел Менчо. Операцијата е спроведена со помош на американските разузнавачки служби. Во февруари, администрацијата на Трамп го означи картелот како странска терористичка организација.Четири членови на бандата беа убиени за време на операцијата во градот Тапалпа, во централно-западната држава Халиско, додека тројца војници беа повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Според BBC, одмаздничкото убиство на нарко-босот...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болест: Честа варијабилна имунодефициенција (CVID)

Post Views: 69 ЧЕСТА ВАРИЈАБИЛНА ИМУНОДЕФИЦИЕНЦИЈА (ЧВИД/CVID) СО АВТОИМУНА ЕНТЕРОПАТИЈА/COMMON VARIABLE IMMUNODEFICIENCY (CVID) WITH AUTOIMMUNE ENTEROPATHYMKБ-10 D83.9ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1/25 000 население до 1/50 000 кај одредени етнички групи, особено кавкаските етнички групи.ВОВЕДЕТИОЛОГИЈАЧестата варијабилна имунодефициенција (CVID) е една од најчестите примарни имунодефициенции која се карактеризира со намален капацитет на имунолошкиот систем да произведува антитела. Оваа болест резултира со зголемена подложност на инфекции, автоимуни заболувања...

Продолжи со читање

Доделени БАФТА наградите во Лондон: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

Post Views: 121 79. Филмските награди British Academy of Film and Television Arts (БАФТА) за 2026 година беа доделени во Кралската фестивалска сала во Лондон минатата вечер на која водителот беше Алан Каминг. Апсолутен победник на вечерта беше филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, кој освои шест награди, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио.Овогодинешното доделување на наградите помина во знакот на изненадувања, а неизвесноста околу победниците траеше сè до последниот момент. Вечерта не беше наклонета кон „Марти Суприм“,...

Продолжи со читање

На Блаце уапсен поранешниот вицепремиер Артан Груби

Post Views: 69 На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.-Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, велат од МВР.Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на...

Продолжи со читање

Денес е Чист Понеделник – почнуваат Велигденските пости

Post Views: 75 Денес започнува Велигденскиот пост, најдолгиот и најстрогиот пост во православната традиција.Овој пост му претходи на најголемиот христијански празник – Велигден. Великиот Велигденски пост трае 48 дена; најчесто се пости на вода, освен за време на викендите кога дозволено е да се користи масло, а рибата е дозволена само за време на два големи празника – Цветници и  Благовец или Благовештението.Велигденските пости ќе траат до 12 април. Великиот пост, кој му претходи на воскресението на Исус Христос, има построги правила од Божиќните пости...

Продолжи со читање