Автор: инфодеск
Views: 118 78-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил товарен камион со приколка на улицата „15 Корпус“ во Охрид.Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила на 20 октомври, околу 11 часот. Во жената удрило товарно возило „МАН“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен охриѓанец.Повредената жена била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Стружанец бесправно исекол 175 кубни метри буково дрво, штетата проценета на 5,25 милиони денари
Views: 139 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46 годишно лице од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „пустошење шума”.-При контрола и координирана акција од ОВР Струга и Шумската полиција, извршена на 16.10.2026 во планински појас над истото село, тој бил затекнат во шума во државна сопственост како со моторна пила врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво, иформираат од СВР Охрид.По преземени дополнителни мерки било утврдено дека тој исекол вкупна количина од 175 метри кубни огревно буково...
Пожар во пилана кај Куратица, интервенирале охридските пожарникари
Views: 112 Пожар избувнал во пилана кај месноста „Прентов мост“, во близина на охридското село Куратица, во делот каде што се наоѓа комората за печење дрво и штици. Во пожарот нема повредени лица, информираат од СВР Охрид.Настанот бил пријавен на 20 октомври 2026 година, во 15:30 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
Охриѓанец осомничен за детска порнографија, одреден му е 30-дневен притвор
Views: 127 Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по член 193-а од Кривичниот законик.-При претрес во неговиот дом, извршен на 20.10.2026 со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронајдоа и одзедоа деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што...
Прекин во водоснабдувањето на „Дејан Војвода“
Views: 164 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 11:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Дејан Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид.Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со интервенцијата.
Викендов почнува зимското сметање на времето
Views: 171 Викендов, во ноќта меѓу сабота, 24 октомври, и недела, 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Граѓаните ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците еден час наназад, што значи дека ќе спиеме еден час подолго.Промената ќе се случи во недела, на 25 октомври, во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе се вратат на 2 часот. Со тоа официјално завршува летното и започнува зимското сметање на времето, кое ќе трае до ќе трае до недела, 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред.Со преминувањето на зимското сметање...
Oбјавeн патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро” од Бранислав Нушиќ
Views: 131 Во издание на „Матица македонска” излезе патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро” од Бранислав Нушиќ. Книгата го враќа читателот во Охрид, Струга и езерските населби од пред повеќе од 130 години. Иван Антоновски го преведе делото непосредно од првото издание од 1894 година, а во македонската книга се вклучени и илустрациите од тоа издание.Авторот на „Госпоѓа министерка” и „Сомнително лице” овде се претставува како патописец со изразено чувство за подробноста. Покрај езерските предели и знаменитостите, неговото внимание го привлекуваат...
Преподобна Пелагија
Views: 88 Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред свети Нон со молба да ја крсти. „Смилувај се на мене,...









