Skip to main content

Автор: инфодеск

Со емотивна и впечатлива изведба на претставата „Маски“ започна Вдиши театар

Views: 251 Во преполното Предворје на црквата „Св. Софија“, синоќа свечено беше отворено 11-тото издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, во организација на Црвен крст Охрид.Фестивалот започна со претставата „Маски“, создадена и изведена од младите волонтери на Црвен крст Охрид, која преку емотивна и впечатлива сценска приказна испрати силна порака за предизвиците со кои се соочуваат младите, за потребата од искреност, разбирање, поддршка и прифаќање. Претставата ја отвори темата за „маските“ што луѓето често ги носат пред светот, потсетувајќи...

Продолжи со читање

Охриѓанката Миланка Новеска повторно добитник на кралска стипендија од Шведска

Views: 216 Македонската мецосопранистка Миланка Новеска по вторпат е добитничка на стипендијата од Фондацијата „Ингрид и Оскар Фалкман“, која се доделува од Друштвото на пријатели на Дротнингхолмскиот дворски театар во Шведска. Ова значајно признание Новеска го добива по вторпат во својата кариера, откако првпат беше стипендист во 2024 година.Во рамки на свеченоста што ќе се одржи вечерва во Дротнингхолмскиот дворски театар, Новеска ќе настапи пред Нивните Височества, кралот и кралицата на Шведска, членовите на Друштвото на пријатели на театарот, како и бројни поддржувачи на...

Продолжи со читање

Во Котор потпишан Меморандум за соработка меѓу Културниот центар „Никола Ѓурковиќ“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“

Views: 237 Директорките на ЈУ Културен центар  „Никола Ѓурковиќ“ и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Радмила Радуловиќ и Христина Трпеска вчера потпишаа Меморандум за соработка по повеќе области од заеднички интерес.Преку Меморандумот двете страни ќе работаат на  унапредување на културната размена , промоција  на книжевноста, уметноста и образованието, културното наследство како и зацврстување на пријателските врски  помеѓу Црна Гора и Северна Македонија. Посебното значење за соработката произлегува од фактот дека градовите Котор и Охрид се под заштита на УНЕСКО, како...

Продолжи со читање

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 6 часот наутро

Views: 225 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека почнувајќи од 15.06.2026 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро.-Согласно Програмата за работа за оперативната 2026 год., Ј.П.,,Охридски Комуналец” во летниот период собирањето, транспорт и депонирањето на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот. Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период. Секое непочитување на динамиката ќе биде пријавено до Комуналната инспекција и ќе биде соодветно санкционирано, се додава во нивното...

Продолжи со читање

Спектакл достоен за ремек-дело: Огномет и прослава за „Саграда Фамилија“

Views: 367 Папата Лав XIV вчера го благослови новиот торањ на базиликата Саграда Фамилија во Барселона и ja предводеше света миса во едно од најпознатите архитектонски дела во светот. Со завршувањето на новиот торањ, Саграда Фамилија официјално стана највисоката црква во светот. Посетата на поглаварот на Католичката црква се совпаѓа со 100-годишнината од смртта на славниот архитект Антони Гауди, кој починал на 10 јуни 1926 година откако бил прегазен од трамвај на пат кон молитва.Историскиот чин на благословување на Кулата на Исус Христос од страна на папата Лав XIV во Саграда Фамилија...

Продолжи со читање

Андреа Савиќ е првенец на генерацијата 2026 во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

Views: 338 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид го објави името на првенецот на генерацијата за 2026 година. Оваа титула годинава ја понесе Андреа Савиќ, ученичка од електротехничката струка, образовен профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.Андреа е ќерка на Маја и Предраг Савиќ од Охрид и е родена на 14 октомври 2007 година. Своето образование го започнала во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, каде што уште од најрана возраст покажала исклучителна посветеност и љубов кон учењето, стекнувајќи диплома за континуиран одличен успех. Нејзината љубов кон математиката се...

Продолжи со читање

Земјотрес со јачина од 3.0 степени утрово почувствуван во Охрид и Струга

Views: 200  Според податоците наа Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05:36 часот беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Продолжи со читање

Светата маченичка Теодосија Тирска

Views: 176 Во времето на царот Максимијан во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги ублажуваше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и и обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја убијат со меч. Идната ноќ Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен небесен сјај,...

Продолжи со читање