Skip to main content

Автор: инфодеск

Снегот предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци во Македонија

Post Views: 15 Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија. АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камиони на регионалниот пат Дебар-Маврово.Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.Интензитетот...

Продолжи со читање

Нови терористички напади во Лондон

Post Views: 5 Британската полиција извести дека во недела рано наутро се убиени тројцата напаѓачи кои во саботата доцна навечер извршија напад во близина на Лондон бриџ во кој се убиени шестмина а ранети се најмалку 48 лица. Меѓу тешко повредените се наоѓа и еден полицаец.Тројцата вооружени напаѓачи се убиени на Бороу маркетот. Тие носеле со себе елеци со експолизив што подоцна се покажеле дека биле лажни.Британската полиција извести дека во пет лондонски болници превезла повеќе од 30 луѓе, а големиот број пациенти со помали повреди се згрижени на местото на настанот.Полицијата...

Продолжи со читање

Силина на групите пред извлекувањето

Post Views: 6 Извлекувањето на групите во Лигата на шампиони ќе се одржи во четврток во 17.45 часот во Grimaldi forum во Монако. Најмногу претставници во извлекувањето ќе имаат Шпанците, Германците и Англичаните, по четири тима. Шпанија ќе ја претставуваат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, Германија ќе биде со Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Баер Леверкузен, а Англичаните со Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Арсенал. Реал Мадрид ќе ја брани титулата првак на Европа. Лигата стартува на 16 и 17 септември. Попис на учесниците по силина на...

Продолжи со читање

Стартува сезонската авиолинија Истанбул-Охрид

Post Views: 7 Директни летови од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе воведе турската авиокомпанија „Онур ер“ од 15.-ти следниот месец, во соработка со тур-операторот Татилбудур, најавија претставници на компаниите денеска на прес-конференција во Истанбул.Летовите до Охрид, кој на турската јавност и е познат како светски туристички центар под заштита на УНЕСКО, ќе се одвиваат секоја недела, поаѓајќи од аеродормот Ататурк во Истанбул во 13:40 часот, и враќајќи се од Охрид за Истанбул во 15:00 часот. Летовите на Онур ер до Охрид, ќе бидат со авиони од...

Продолжи со читање

Со автомобил бомба нападната дипломатската зона во Кабул

Post Views: 13 Во експлозија на автомобил бомба во близина на германската амбасада во Кабул загинаа најмалку 80 лица, а повредени се околу 350. Нападот се случил во дипломатскиот каврт на Кабул, во утринскиот сообраќаен шпиц. Целта на нападот засега не е позната. Според наводи на француската влада, оштетени се германската и француската амбасада. Од германски безбедносни кругови се вели дека сѐ уште не е јасно дали има повредени Германци во амбасадата. Можно е да има повредени Авганистанци кои работеле во амбасадата. Експлозијата била толку силна, што предизвикала оштетувања...

Продолжи со читање

Фудбалската правда е задоволена

Post Views: 6 Фудбалерите на Зенит, Порто, Марибор, Апоел и Бате Борисов изборија пласман во фудбалската Лига на шампиони. Најголемото изненадување на вечерта го приредија фудбалерите на Марибор кои во Глазгов победија со 1-0 и по 1-1 во првиот натпревар изборија вкупна победа и пласман во Лигата на шампиони. Со тоа е задоволена фудбалската неправда со која административно беше елиминирана Легија од Варшава од истиот анемичен Селтик, иако Легија на терен го потопи со вкупен резултат од 6-1. Голот на одлука го постигна Бразилецот Таварес во 75 минута и така Марибор по втор пат во...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува, бензините со непроменети цени

Post Views: 12 Во просек, малопродажните цени на нафтените дериватите се намалуваат за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи. Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.Цената на Еуродизелот ќе биде 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари. Според Комисијата, се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473...

Продолжи со читање

Британците открија каде лежи вистинската терористичка опасност

Post Views: 5 Членовите на терористичката мрежа која го изведе нападот во Манчестер би можеле да побегнат било каде во Британија и да имаат пристап до материјали за изработка на бомби, сметаат извори од безбедносните сили.Особено цел би можеле да бидат помалите градови во кои не се присутни значителен број на полицајци. Полицијата и безбедносните агенции се обидоа, со голем успех, да ја разоткријат ќелијата која му помогна на Салман Абеди да изведе масовно убиство, пишува Independent, но напоменуваат дека сеуште не се пронајдени и уапсени сите актери. Се смета дека неколку...

Продолжи со читање