Автор: инфодеск
Post Views: 12 Собранието денеска едногласно, со 82 гласови „за“ го донесе Законот за стечајни работници. Со законот се овозможува околу три илјади луѓе да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Тоа ќе го чини буџетот околу пет милиони евра годишно. Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30...
Најмалку 10 жртви во експлозија во Санкт Петербург
Post Views: 5 Најмалку 10 лица загинаа во две експлозии во метрото во рускиот град Санкт Петербург, објави државната агенција ТАСС. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил свесен за извештаите за експлозиите, објави државната ТВ Русија 24. Сите можни причини за експлозијата во метрото во Санкт Петербург се истражуваат, вклучувајќи ја и можноста за тероризам, изјави рускиот претседател. „Причините за настанот сѐ уште не се утврдени, па уште е рано да се зборува (за можните причини). Истрагата ќе покаже. Нормално, ќе ги имаме предвид...
Германците се вратија дома
Post Views: 10 Фудбалските репрезентативци на Германија се вратија во својата земја од Бразил, каде ја освоија својата четврта титула Светски првак. Фудбалерите слетаа на аеродромот Тегел околу 10 часот, а неколку стотици луѓе ги поздравиле на самата писта, кои ги предводел капитенот Филип Лам кој со пехарот прв излегол од авионот. Играчите потоа во отворен автобус ќе одат до Брандебуршката капија, пред која се собрале повеќе стотици илјади граѓани, облечени во црна, црвена и златна боја. “Ова беше прекрасно Светско првенство. Факт е дека успеавме да се наградиме со титула, што...
Половина од луѓето во Македонија имаат доход под 212 евра
Post Views: 9 Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што за првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.„Педесет oтсто од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 oтсто имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 oтсто имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 oтсто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход...
Александар Вучиќ победник на изборите во Србија
Post Views: 9 Првите резултати од претседателските избори во Србија, по избројани 50.8 отсто гласачки места, велат дека победник е Александар Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови, според агенцијата Ипсос. По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто а Војислав Шешељ 4,5 отсто. Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места. Изборниот ден минал мирно, изјавил за РТС председателот на Државната изборна комисија Владимир Димитријевиќ. Имало мали неправилности но тие,...
Потез за одлука
Post Views: 9 Јунак на вчерашната победа, од 1-0 на Германија над Аргентина, стрелецот на единствениот гол на средбата, беше Mario Gotze, кој на Германија и ја донесе четвртата титула светски првак. Германскиот селектор Joachim Low во игра го внесе во 88 минута од натпреварот, а Gotze му се оддолжи со прекрасен гол длабоко во продолжението, во 113 минута. “Му реков на Mario Getze да му покаже на светот дека е подобар од Messi и да го одлучи натпреварот. Тоа му го реков и имав претчуство дека тоа ќе се случи. Gotze е чудесно момче. Може да игра на било која позиција и секогаш знам...
Разрешен Јавниот Обвинител Марко Зврлевски
Post Views: 11 Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско. Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката ја поздравија со аплауз. Инаку, предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски беше ставен на дневен рд во Собранието на...
Србија денес избира претседател
Post Views: 8 Околу 6,8 милиони граѓани на Србија со право на глас, денеска избираат нов шеф на државата, кој на таа функција ќе го наследи актуелниот претседател Томислав Николиќ. Од утрово во 7 часот, па до 20 часот, српските граѓани гласаат на 8.523 избирачки места во Србија и на 90 во Косово. Вчера беше спроведено гласањето за претседателските избори за Србите што живеат во странство на 53 гласачки места во 32 држави. Во претседателската трка учествуваат 11 кандидати, но според аналитичарите, единствена непознаница на овие избори е дали актуелниот српски премиер...