Автор: инфодеск
Post Views: 121 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).Од УХМР информираат дека поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и...
Охрид се пријави за мерката за ангажирање на 400 невработени лица во противпожарната заштита
Post Views: 189 Ќе се ангажираат 400 невработени лица кои ќе добијат обука за пожарникари и ќе бидат распоредени во Противпожарните единици на Општините. Месeчниот надоместок кој ќе го добиваат лицата е 24.000 денари, а најдобрите кои ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност ќе бидат трајно вработени.Оваа мерка од владиниот оперативен план за вработување се спроведува за прв пат во нашата држава и предвидено е да опфати 14 општини каде има територијални противпожарни единици.– Пријавувањето ќе се одвива транспарентно преку Јавен повик, кој...
Насилството стана секојдневие во охридско-струшкиот регион, пријавени повеќе случаи
Post Views: 194 На 06.07.2025 година околу 20 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид, од сообраќај исклучиле 32 годишно лице од охридското село Велестово, откако бил затекнат дека управува моторно возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол со 1,60 промили алкохол во крвта. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 06.07.2025 година во 22 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 33 и 50 годишна жени од Охрид. По целосно документирање наа настанот,ќе...
ЈП Охридски Комуналец: Граѓаните од Стар Град да го почитуваат комуналниот ред
Post Views: 189 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид со апел до граѓаните и правните субјекти на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад.-Правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од пропишаниот термин или несоодветно депониран, согласно законските обврски ќе интервенира и постапи Комуналниот инспекторат при што ќе биде изречена соодветна санкција. Граѓаните...
Охрид нова голф дестинација на Балканот
Post Views: 206 Голф терените во Охрид се повеќе привлекуваат туристи. Јаро Ернека по потекло од Чехословачка, кој живее во Аргентина, патувајќи низ Европа го откри Охрид како нова голф дестинација.Вљубеник во голфот, го избра главниот туристички центар за одмор токму поради голф клубот и терените.-Не сум професионален голфер, но сум луд за голф. Секогаш каде и да одам каде и да патувам барам да има можност да играм голф. Многу сум среќен, барав на интернет и најдов дека во Охрид има голф терени каде може да играм и навистина овде најдов второ семејство...
Вечерва започнува магичното Drive-In Cinema
Post Views: 181 Од вечерва започнува магично Drive-In Cinema на паркингот кај поранешната Касарна во Охрид. Настанот е дел од програмата на „The Cultural Seven“, а ќе трае до среда, 9 јули.Гледачите ќе имаат прилика да уживаат во уникатно кино искуство од своите автомобили, под отворено небо, со проекции на внимателно одбрани филмови.Вечерва ќе биде прикажан филмот The Magnificent Seven (2016), утре – М (2023) – македонски хорор филм на Вардан Тоѕија, додека во среда – Јон Вардар против галаксијата (2024) на Гоце Цветановски и краткометражниот филм Mi(s)sing Dog (2018)...
Зголемен број на интервенции на Брзата помош во Охрид
Post Views: 131 Сончаници, топлотни удари, убоди од инсекти, каснување од влекачи, алергиски реакции и колапси. Ова се најчестите интервенции на охридската брза помош. Високите температури и напливот на туристи во екот на летната сезона повеќекратно го зголемија обемот на работа на здравствените институции. Препораките се многу течности, заштитен фактор и избегнување прошетки од 11 до 17ч.– Најранлива категорија секако се повозрасните и хронично болните конзумирањето на вода, течности, супи, млаки и топли чаеви....
Инспекциски контроли на пловни објекти, констатирани 22 прекршоци
Post Views: 141 Во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот, информираат од Министерство за транспорт.Контролирани се 13 пловни објекти и 13 физички лица, притоа констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...
Рождество на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован
Post Views: 211 Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на Св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата.Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето.Во таа насока се...
Сончево и многу топло, попладне услови за појава на нестабилност
Post Views: 158 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 17 од 34 степени Целзиусови.Денес и утре ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во...
Засилени контроли во патниот сообраќај, 15 возачи возеле под дејство на алкохол
Post Views: 144 На 5-ти и 6-ти јули 2025 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.– Притоа, полициските службеници контролирале 278 возачи на моторни возила, од кои 110 во Охрид, 73 во Струга, 59 во Кичево и 36 во Дебар. При извршено алкотестирање, констатирале дека 15 возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол. Од нив 8 во Охрид, по 3 во Струга и Дебар и 1 во Кичево. Тие биле веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни...
Тело на 70 годишен скопјанец пронајдено кај плажата од Извидничкиот центар
Post Views: 170 На 5-ти јули 2025 година, во 18:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар, било забележано безживотно машко тело.– Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за 70 годишно лице од Скопје. Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информираат од СВР Охрид.