Skip to main content

Автор: инфодеск

Нестабилно време до утре, викендот носи стабилизација и посвежи денови

Views: 185 Од УХМР информираат дека денес ќе се задржи топло време. Попладне, во текот на ноќта и утре, особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со појава на град. Утре ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во...

Продолжи со читање

5. издание на Ohrid Wine Festival

Views: 407 Од 25-ти до 27-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на Ohrid Wine Festival, кој и годинава ќе понуди богата музичка програма, врвни вина и добра забава.Фестивалот ќе започне на 25-ти јуни со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.Во рамки на вториот фестивалски ден, на 26-ти јуни, пред посетителите ќе настапат Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија.Завршната вечер, на 27-ми јуни е резервирана за Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолскиот камерен оркестар и Суперхикс.Настанот и оваа година се очекува да привлече...

Продолжи со читање

Завршија Детските Прличеви беседи

Views: 190 Успешно заврши манифестацијата „Детски  Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на  ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид.Ученици од повеќе македонски градови  преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев. Спомен куќата на Григор Прличев“ деновиве беше исполнета со талентирани деца, поезија, прекрасни мисли и изразена  љубов кон македонскиот литературен збор.

Продолжи со читање

Охриѓанецот Проф. д-р Петар Поповски избран за член на Кралската данска Академија на науките и книжевноста

Views: 385 Македонскиот научник Петар Поповски, професор на Aalborg University и еден од водечките светски експерти во областа на комуникациските технологии, е избран за нов член на Royal Danish Academy of Sciences and Letters, една од најпрестижните научни институции во Данска.„Претставува голема чест за мене што станувам член на Кралското данско друштво на науките и книжевноста, институција чиј поранешен претседател беше еден од моите научни херои, Нилс Бор. Им благодарам на научниците кои ја поддржаа мојата кандидатура и со нетрпение очекувам да придонесам во активностите на...

Продолжи со читање

Свети Варлаам Охридски

Views: 203 Сведоштвата за овој архијереј и Христов маченик се оскудни. Се знае дека беше Охридски архиепископ. При една своја обиколка, пострада за вистината, во градот Велес. Таму беше жестоко убиен – прободен со јатаган – од месните Турци, а телото му беше фрлено во реката Вардар. Поради страв од казна од Турците, телото на светиот маченик остана во реката цела седмица. Водата го однесе до едно село, на два часа пеш од Велес, каде што го најде еден рибар, откако имаше видение на сон. Тој го изведе и го пренесе во селската црква, сакајќи да го погребе во дворот. Но, на сон му се јави...

Продолжи со читање

Охридско езеро , облачно време

Нестабилно време со услови за невреме и град, од викендот стабилизација

Views: 182 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека утре попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде...

Продолжи со читање

Во недела концерт во чест на охридскиот виолинист и трубадур Климе Садило

Views: 274  Во недела, на 14 јуни 2026 година, во предворјето на црквата „Света Софија“, Охрид уште еднаш ќе му оддаде почит на својот голем трубадур со настанот „Чалгиски звуци во чест на Климе Садило“.–Ќе се одбележи големиот јубилеј – 120 години од такамот на Садиловци и 145 години од раѓањето на охридскиот виолинист и трубадур Климе Садило, порачуваат организаторите.Музичката приказна ќе ја раскажат Ансамбл „Македонија“ и Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“ при УГД Штип, а настанот ќе започне во 20:00 часот.

Продолжи со читање

Промоција на „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис утре во Прличевата одаја

Views: 308 Во Прличевата одаја на Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, утре од 11:00 часот ќе биде промовирана книгата „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис.Станува збор за македонско-англиско печатено издание кое го замислува Охрид во далечна иднина, преку научно-фантастични раскази инспирирани од охридските преданија, културното наследство, езерото, старите локалитети, соживотот, традициите и современите технологии.– Книгата ги поврзува македонскиот јазик, охридската културна меморија и локалните легенди со мотиви од вештачка интелигенција, роботика,...

Продолжи со читање