Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид не мирува, серија нови земјотреси

Post Views: 7 Силен земјотрес го потресе Охрид пред полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. Пред и по него имаше помали потреси со магнитуда помеѓу 2 и 3 степени.И утрово во 6.30 Охрид и околината почуствуваа силен земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтер, а епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец, ресенско.Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и...

Продолжи со читање

Германија: Затворен трговски центар поради “неизбежен” терористички напад

Post Views: 8 Германската полиција го затвори трговскиот центар во градот Есен на западот од Германија поради сигурна дојава за “неизбежен” терористички напад, а неговата околина е блокирана, објавила полицијата. Полицијата изјавила за агенцијата DPA дека постојат индиции дека трговскиот центар, кој е во близина на центарот на градот, би можеле да го нападнат терористи и затоа е донесена одлука за негово затворање на еден ден.Алармот се однесува само на трговскиот центар на Limbecker Platz, додала полицијата која исто така ги затвори паркинзите и станиците во...

Продолжи со читање

Џејмс Родригез открива каде би сакал да игра

Post Views: 3 Џејмс Родригез, 22 годишниот фудбалер на Монако, беше стрелец во сите четири натпревари во дресот на Колумбија во Бразил, и со 5 погодоци е водечки на листата на стрелци на Светското првенство. Минатото лето Монако му плати на Порто 45 милиони евра за трансферот на Џејмс Родригез, кој во првата сезона во Франција му помогна на тимот до патот за освојување на второто место и пласман во Лигата на шампиони. Со 12 додавања за гол, Џејмс беше водечки асистент во лигата и го заработи местото во најдобриот состав на француското првенство. Но, вредноста на фудбалскиот пазар...

Продолжи со читање

ИЗИИС во Охрид, Косел нема да се испитува

Post Views: 8 Четири екипи од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од вчера се во Охрид, ги испитуваат оштетувањата од земјотресите и собираат и податоци за движењето на тлото.„Наши екипи првенствено ги проверуваат градинките за да направат проценка дали се безбедни. Тоа го прават заедно со претставници од Центарот за управување со кризи од Општина Охрид. Има само еден случај, градинка во која е утврдено паѓање малтер од надворешна страна, па препораката е децата да не излегуваат во тој дел од градинката. Земјотрес со магнитуда 5 не треба да...

Продолжи со читање

Започнува вселенскиот туризам

Post Views: 6 Приватната компанија SpaceX соопшти дека ќе превезува двајца туристи околу Месечината следната година, објави денес нејзиниот директор Elon Musk. Две лица кои се познаваат побарале од компанијата да ги превезе на една седмица на долг лет околу месечината, а Musk не сакал да ги наведе имињата на идните вселенски туристи, ниту колку ќе чини нивното патување. Тој рекол дека тие веќе платиле “значаен” депозит. Musk рекол и дека SpaceX е на пат да лансира астронаути до Меѓународната вселенска станица за потреби на американската вселенска агенција NASA до...

Продолжи со читање

Уругвај почна со освета поради Суарез

Post Views: 4 Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Оскар Табарез, одбил да одговара на прашањата на конфернецијата за новинари пред натпреварот со Колумбија. Наместо одговори, тој го прочитал своето соопштение и ја напуштил салата. На тој начин изразил протест против казната на својот напаѓач Луис Суарез кој во натпреварот против Италија го гризнал за рамо противничкиот играч Џорџо Кјелини. Трет пат во кариерата Суарез влече ваков потез, па ФИФА го казни со девет натпревари неиграње за репрезентацијата и четири месеци забрана за било какви фудбалски активности,...

Продолжи со читање

Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес

Post Views: 4 Земјотрес со јачина од  5,1 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.Освен паника меѓу населението, земјотресот предизвика и оштетување на објекти кои се пријавени во ЦУК на бројот 195. Пријавени биле оштетувања на фасади, покриви, оџаци…Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да ја задржат присебноста за да не дојде до несакани последици.Во текот на изминатите две недели земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион во кој имаше над 800 земјотреси.По...

Продолжи со читање

Откриен е виновникот за скандалот на доделувањето на Оскари

Post Views: 4 Ревизорската куќа Прајсвотерс Куперс, во чија надлежност е броењето на гласовите и печатењето на имињата на победниците, објави уште едно соопштение за јавноста, скоро 24 часа по срамната збрка во завршницата на 89 доделување на наградите на Академијата. Компанијата ја превзеде целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои ги знаат резултатите и ги делеле пликата на презентерите, Брајан Калинан, по грешка му дал на Ворен Бити резервен плик за категоријата најдобра женска улога наместо за најдобар филм. Неколку минути подоцна...

Продолжи со читање