Skip to main content

Автор: инфодеск

Репрезентации на СП кои најмногу лежат на теренот

Post Views: 3 Една од најголемите примедби на ова Светско првенство во фудбал се однесува на времето кое играчите го поминале во санирање повреди. Премногу често во текот на играта паѓаат на тревата во агонија и врескајќи, превиткувајќи се и барајќи носила за да бидат изнесени од теренот. Меѓутоа, по неколку минути тие повторно се во полна снага и спремни да ја продолжат играта. Фановите на најпопуларниот спорт сепак знаат дека тоа е само дел од најомразените тактики на фудбалската игра. Во текот на првите 32 натпревари имало 302 играчи кои се приметени како се превиткуваат по...

Продолжи со читање

Силен земјотрес и ноќеска во Охрид

Post Views: 7 Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтер беше почувствуван во Охрид и ноќеска. Земјотресот e регистриран во 3 часот и 45 минути, а епицентарот на земјотресот е на 6 км источно од Охрид на длабочина од 6 километри и потекнува од охридското епицентралното подрачје.Серија земјотреси во охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер.Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за...

Продолжи со читање

Социјалната помош во Германија е три пати поголема од просечната плата во Македонија

Post Views: 6 Податоците покажуваат дека просечните примања во семејството во дури 131 држава во светот се помали во однос на социјалната помош за семејство со едно дете во Германија. Спрема објавените податоци вакви семејства во Германија примаат, во просек, по 1.200 евра, додека, на пример, просечната плата во Македонија изнесува околу 23.000 денари. Слична е состојбата и во другите источноевропски држави, посебно оние кои припаѓаа некогаш во источниот блок па не зачудува големиот интерес за преселба во Германија, не само мигранти од Сирија или Авганистан туку и од Бугарија...

Продолжи со читање

Продолжението на СП тргнува со јужноамерикански огномет

Post Views: 8 Веројатно сите приметивме дека досега на Светското првенство неочекувано отпаѓаат фантастични европски екипи како Италија, Шпанија, Англија, Португалија…од кои се очекуваше можеби да стигнат до ½ финале. Дали причината е тешкото прилагодување на јужноамериканската клима, арогантноста, неквалитетот или нешто сосема друго, можеме само да нагаѓаме, но еден е фактот а тоа е дека на овој Мундијал доминираат Јужноамериканците. Токму првиот ден од 1/8 финалето ќе гледаме јужноамерикански огномет. Во сабота на сцена стапуваат најсилните јужноамерикански...

Продолжи со читање

Земјава со високи температури и портокалова фаза

Post Views: 11 Македонија од утре до сабота ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Од УХМР најавуваат дека температурата некаде ќе достигне и над 40 степени.Поради ова, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време  со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а во детските градинки...

Продолжи со читање

Дајмлер најави производство на Мерцедес во Русија

Post Views: 5 Германскиот производител на автомобили Дајмлер најави изградба на фабрика за автомобили Мерцедес-Бенц во близина на Москва што ќе биде прва нова инвестиција на голем западен производител од воведувањето на санкциите спрема таа земја пред три години. Германската компанија во својата прва фабрика за производство на патнички автомобили во Русија ќе вложи повеќе од 250 милиони евра, а првите автомобили би требало да бидат спремни за пазарот во 2019 година. Досега во Русија произведуваа само камиони во средиштето на земјата во соработка со Рускиот производител...

Продолжи со читање

Каков внук таков дедо

Post Views: 7 Најдоброит впечаток на досегашниот тек на Мундијалот веројатно оставија Холанѓаните кои со 5-1 ја декласираа Шпанија и со 3-2 селекцијата на Австралија. На првиот натпревар блескаше Робин ван Перси кој го постигна можеби најубавиот гол на првенството, а неговата поза и летот станаа интернет хит. Илјадници фанови ширум светот се сликаа во таа поза. На нив се придружил еден посебен дедо. Во прашање е Вим Рас, 93 годишниот Холанѓанец кој е дедо на Робин ван Перси. Тој одлучил да покаже дека умее исто што и неговиот внук, а тоа наишло на многу пријатни реакции по...

Продолжи со читање

Продолжувањето на СЈО во собраниска процедура

Post Views: 11 Законските измени за продолжување на мандатот на СЈО за поднесување на обвинителни акти ќе влезат во собраниска процедура.Предлозите се истите кои СДСМ ги поднесе минатата есен кога не добија двотретинско мнозинство. За СЈО се бара продолжување на законскиот рок за поднесување на обвинителни акти, а со предлог законот за заштита на сведоци се предлага поголема независност на СЈО во одлучувањето за заштитените сведоци кои може да им помогнат во постапките.Од ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати кажаа дека немаат намера да гласаат за таков закон. Рокот за поднесување на...

Продолжи со читање