Skip to main content

Автор: инфодеск

Од утре Drive-In Cinema под отворено небо во Охрид

Post Views: 214Од 7ми до 9ти јули 2025, паркингот кај поранешната Касарна Охрид ќе се претвори во магично Drive-In Cinema, дел од програмата на „The Cultural Seven“.Гледачите ќе имаат прилика да уживаат во уникатно кино искуство од своите автомобили, под отворено небо, со проекции на внимателно одбрани филмови:-07.07.2025 (понеделник) – The Magnificent Seven (2016)– 08.07.2025 (вторник) – М (2023) – македонски хорор на Вардан Тоѕија-09.07.2025 (среда) – Јон Вардар против галаксијата (2024) на Гоце Цветановски + краткометражниот Mi(s)sing Dog (2018) на Антонио...

Продолжи со читање

Денес започнува „Вевчанско лето 2025“

Post Views: 329 Вевчани повторно станува сцена на уметноста, музиката, театарот и традицијата, каде во наредните два месеци посетителите ќе можат да посетат најразлични концерти, изложби, театарски претстави, хорски настапи и спортски настани.Вечерва во 19:30 со настапот на женскиот аматерски хор ФРИДА од Скопје започнува културно-забавната манифестација „Вевчанско лето 2025“. Настанот ќе се одржи под водство на Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог.-На нивниот репертоар ќе уживате во светски хитови од 60те, 70те и 80те, македонски евергрини и стари...

Продолжи со читање

УХМР: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Post Views: 183 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.Од УХМР информираат дека до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Денес во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Локална...

Продолжи со читање

Светата маченичка Агрипина

Post Views: 189 Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа...

Продолжи со читање

Започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 146 Со концерт на Македонскиот ансамбл „Танец“ и КУД „Гердан од Бисери“ вчеравечер на сцената на Долни Сарај започна 64-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање пред присутните имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Во мое лично име и во името на охриѓани ви посакувам срдечно добредојде во вечниот град, кој во прегратката со сината езерска шир ги чува тајните на македонската култура и историја.Голема е гордоста што имаме можност да ја продолжиме...

Продолжи со читање

Приведени две лица од Албанија, илегално ја преминале границата и ловеле риба

Post Views: 179 На 4-ти јули 2025 година, во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, ги приведоа албанските државјани, на возраст од 22 и 30 години поради постоење основи на сомневање за сторено „илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „незаконит риболов“.Како што информираат од СВР Охрид, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат. По известување на јавен обвинител и по преземени...

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски

Post Views: 199 Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување, за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од свети Јован Златоуст. Но, сепак, аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на Јулијановото гонење на христијаните свети Евсевиј го слече свештеничкото расо и се облече во војничко руво, па така ги...

Продолжи со читање

Сончево и топло

Post Views: 178 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.Температурите во Охрид од 15 до 33 степени Целзиусови, УВ индексот со вредност 9.

Продолжи со читање

На 18-ти јули во Охрид ќе се реализира проектот ,,Креативност”

Post Views: 246 На 18-ти јули на плоштад  ,,Вангел Наумовски” во Охрид ќе се реализира проектот ,,Креативност” – Поттикнување на младите за креирање  на авторски дела и нивна промотивна презентација.Програмата започнува во 21 часот со настап на К2  и неговите ѕвездички, по што следува микс сесија (ДЏ – ски сет од 22:00 – 24:00ч.) на Никола Тони и презентација на креативни ламби изработени од дрво.Во рамките на активностите  Здружението ,,Тактус”  ќе се представи со еднодневна групна изложба, на дела насликани на летната сликарска...

Продолжи со читање

Ренџерите и полицијата будно ја следат состојбата во НП Галичица

Post Views: 163 Ренџерите  дежураат,  будно ја следат состојбата во НП Галичица. Со порастот на температурите се повеќе демне опасноста од појава на шумски пожари. Оваа сезона поподготвени, на готовс се 120 обучени волонтери, а зајакнати се и патролите на граничната и шумската полиција,.Набавена е нова  опрема, исчистени се шумските патишта за пристап.– Првично пет луѓе од единицата за брза интервенција да интервенира и осатанатите десет луѓе доколку дојде до нешто пгоолемо. Ова е од суштинско значење бидејки ако не вршиме патроли,...

Продолжи со читање

Сообраќајка меѓу двајца малолетници во струшко Лабуништа

Post Views: 250 Вчера во 18:30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл марка „Априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа.– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Жител на Велешта физички нападнал охриѓанец на патот Струга-Дебар

Post Views: 192  ОВР Струга поднесе кривична пријава против 29 годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.– Тој, на 29-ти мај 2025 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, на 40 годишно лице од Охрид му упатил закани, а потоа физички го нападнал нанесувајќи му тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање