Skip to main content

Автор: инфодеск

Координација во Собрание за локалните избори во понеделник

Post Views: 12 Претседателот на собранието Талат Џафери за понеделник закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии.Се очекува една од темите на разговор меѓу координаторите да биде и датумот за локалните избори, а доколку биде постигнат договор можно е тој веднаш да биде ставен во процедура. Мандатот на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник на 15 мај, а Џафери вчера ги повика политичките партии итно да разговараат за оваа проблематика за да не се случи блокада на општините.

Продолжи со читање

Се урна руски воен авион во Црно Море со над 90 патници

Post Views: 10 Руски воен авион со 83 патници и осум членови на екипажот исчезна пред неколку часа од радарите откако полетал од Сочи. Неговите остатоци се пронајдени како плутаат во Црно Море, потврдил рускиот министер за одбрана.Тупољев 154, со 83 патници и 8 членови на екипажот полетал од воздухопловната база Адлер рано утрото во недела по локално време, а потоа исчезнал од радарите, јавија руските медиуми.Авионот бил на пат кон руската база Латакија, Сирија, каде требало да се одржи концерт за Нова година.Познатиот Александров ансабл за збор на руската војска бил во...

Продолжи со читање

Анчелоти го признава она што останатите не сакаат

Post Views: 5 Реал денес во Лисабон ќе ја лови својата десетта европска круна, а ривал му е градскиот Атлетико. Но, и пред почетокот на сезоната Анчелоти сфатил колку во клубот е важна таканаречената “la decima”. Тој признал дека во кралскиот клуб на сите во умот им е освојувањето на десетиот наслов европски првак.“Откако дојдов во Реал, се се врти околу “decima”. Но, тоа не би го нарекол опсесија, само мотивација”, истакнал Анчелоти во разговор за Daily Mail.Потоа Италијанецот се осврнал на ривалот во саботното финале.“Атлетико е изнимно...

Продолжи со читање

Киднапиран либиски авион со 118 патници

Post Views: 6 Авион на внатрешен лет во Либија бил киднапиран и пренасочен во Малта, каде слета утринава, јавија малтешките медиуми. Двајца киднапери се заканиле дека ќе го разнесат Ербасот 320, во кој има 118 патници и екипаж, објави „Тајмс оф Малта“. Авионот летал од Себха во југозападна Либија до Триполи за државната авиокомпанија „Африкија Ервејс“. Малиот медитерански остров Малта се наоѓа на 500 километри северно од либискиот брег. Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер напиша: „Информиран сум за потенцијална ситуација со киднапирање на внатрешен либиски лет...

Продолжи со читање

Лудило во Лисабон

Post Views: 6   Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн...

Продолжи со читање

Терористот од Берлин убиен во Милано

Post Views: 6 Анис Амри, кој е осомничен за нападот во Берлин, е убиен во престрелка во Милано, Италија, јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од италијанската безбедносна служба. Амри наводно е запрен од сообраќајна полиција околу три часот утрото, но веднаш почнал да пука кон полицајците. Еден од полицајците возвратил и го убил Анис Амри, а полицаецот е полесно повреден, пренесува италијанскиот весник Панорама. Според истите извори, напаѓачот е идентификуван според отисоците од прсти и физички докази. Во секој момент во Рим прес конференција треба да одржи министерот за...

Продолжи со читање

Голем удар за амбициите на Уругвајците

Post Views: 3 Голем удар во четвртокот наутро добиле Уругвајците, пред Светското првенство во Бразил. Имено, најдобриот играч на нивната репрезентација, Луис Суарез на тренинг го повредил коленото и ќе мора на операција на менискус. Иако уругвајските новинари тврдат дека Суарез ќе биде спремен за СП во Бразил, факт е дека рехабилитацијата по операција од менискус трае од 4 до 6 недели, што значи дека Суарез сигурно нема да е спремен за првиот натпревар против Костарика на 14 јуни. Под знак прашање е дали ќе биде спремен и за другите два натпревари од нивната група, против Англија...

Продолжи со читање

Атентаторот на рускиот амбасадор бил обезбедување и на Ердоган

Post Views: 10 Турскиот полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, во изминатите месеци осум пати го обезбедувал турскиот претседател Ердоган, пишува весникот „Хуриет“. Мевлут Мерт Алтинташ од јули годинава бил дел од обезбедувањето на турскиот претседател на осум јавни настапи на Реџеп Таип Ердоган, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Притоа, 22-годишниот турски полицаец бил дел од втората алка на обезбедување, што значи веднаш зад личните телохранители на Ердоган. Алтинташ во понеделникот, на отворањето на една изложба во Анкара, го застрела рускиот амбасадор во...

Продолжи со читање