Skip to main content

Автор: инфодеск

Ултрабогат навивач на Манчестер Јунајтед го купи шпанскиот великан

Post Views: 3 Сингапурскиот милијардер Петер Лим е новиот сопственик на шпанскиот фудбалски великан Валенсија, откако откупил 70% од сопственичкиот удел во клубот од Местаља. Единствен тим, до освојувањето на титулата на Атлетико оваа сезона, кој во последните 13 години ја прекинуваше доминацијата на Барселона и Реал Мадрид во шпанското првенство беше Валенсија. Лим, инаку голем навивач на Манчестер Јунајтед, успеал конечно да стане сопственик на еден од тимовите од лигите на големата петорка. Првиот обид, но неуспешен, беше во 2010 година кога понудил за Ливерпул 300 милиони...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

Post Views: 7 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари...

Продолжи со читање

Највисоки цени на нафтата во последните 17 месеци

Post Views: 10 Цените на нафтата на светските берзи достигнаа вредност која е на највисоко ниво во последниве 17 месеци. Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел. Ваквиот раст следи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели. Минатата недела неколку големи производители, вклучувајќи...

Продолжи со читање

Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон

Post Views: 8 Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена. Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран. Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема...

Продолжи со читање

За нападот во Кајсери, Ердоган ја обвини PKK

Post Views: 7 Терористичкиот напад во турскиот град Кајсери во кој во саботата утрото загинаа 13 а ранети се 55 луѓе, главно војници, го извел бомбаш самоубиец објавија турските власти, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која и САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во писмена изјава рече дека „сепаратистичката терористичка организација“ стои за нападот, додавајќи дека тие напади не се „без поврзаност со случувањата во Сирија и во Ирак“. Ердоган под овој...

Продолжи со читање

Официјално: Покрај Сити и ПСЖ казнети се уште седум клубови

Post Views: 3 Стигна и службената потврда за казнувањето на девет клубови поради кршење на финансискиот фер-плеј. Најголеми казни заработија Манчестер Сити и ПСЖ, кои се казнети со по 60 милиони евра, а освен парична казна тие во следната сезона на Лига на шампиони не ќе можат да пријават 25 туку 21 фудбалер. Сите клубови кои се казнети ја прифаќаат казната и нема да се жалат на истата. Иако двата клуба потпишале на документите на УЕФА и ги прифатиле казните, во образложението од двете страни тврдат дека не се задоволни. Од Сити стигнува порака дека не се сложуваат со...

Продолжи со читање

Кој е човекот кој ја проколнал Бенфика?

Post Views: 8 Откако Бенфика загуби уште едно европско финале, повторно се актуелизира приказната за проклетството на Guttmann… За бројните навивачи на Бенфика ова веќе не е шега, туку сериозно проклетство. Нивниот клуб не загубил две или три европски финалиња, туку осум! Да, осум финалиња во европските натпреварувања, со наведнати глави го напуштале теренот разни генерации фудбалери на Бенфика, откако Bela Guttmann го проколнал клубот пред 52 години. Пред крајот на 50-тите години од минатиот век, на клупата на Бенфика бил Bela Guttmann кој преминал од Порто. Унгарскиот...

Продолжи со читање

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Post Views: 14 Ноќеска во 2 часот, Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад кога започнува зимското сметање на времето. Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“. Преминувањето на летно и зимско сметање на...

Продолжи со читање