Автор: инфодеск
Post Views: 6 Реал мадрид очигледно ги изгубил сите надежи дека ќе ја освои Примера, па во недела против Селта можеби ќе игра вториот тим на оваа екипа. „Модриќ, Рамос и Бензема чувај ги за финалето на Лигата на шампиони, затоа што само тие од незаменливите останаа неповредени“, добил наредба тренерот Анчелоти од претседателот Перез, пишува Marca. А кралевите во завршницата на сезоната ќе бидат ослабени и со неиграњето на Пепе, кој освен последните две кола на Примера, веројатно ќе го пропушти и финалето во Лигата на шампиони против Атлетико. Него ќе го замени Французинот...
Нови пораки од ЕУ до претседателот Иванов
Post Views: 7 Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини апелираше на мудроста на претседателот Ѓорге Иванов за решавање на политичката криза во Македонија. Могерини, на прес-конференијата по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел, ги повтори ставовите што ги изнесе за време на посетата на Скопје минатата недела и кажа дека Македонија има ресурси сама да се извлече од кризата. „Верувам дека Скопје се уште се соочува со политичка и институционална криза. Мојата најголема грижа е таа криза да не...
Поплави во Италија, исчезнато едно лице
Post Views: 7 Маж во обид да ги спаси своите коњи во местото Пероса , во околината на Торино, го повлекла водата и исчезнал, им раскажал на цивилната заштита неговиот син. Расте загриженоста поради реката По која на места се излива и во Торино и може да достигне алармантно ниво до петок навечер. Пиемонте и Лигурија прогласиле црвен аларм поради поплавите бидејќи има голем пораст на нивото на водите и реките. Неколку стотини лица се евакуирани превентивно, а властите повикале на ограничено движење во неколку покраини на двата региона каде училиштата се затворени во...
Од полноќ дизелот поевтин, бензините со иста цена
Post Views: 8 Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар. ...
Доналд Трамп обвинува за сериозни изборни измами
Post Views: 4 Повторното пребројување на гласовите во дел од американските сојузни држави, според Трамп, е само беспотребно трошење пари и истовремено обвинува за „изборна измама“ со која Клинтон наводно добила милиони гласови.Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја стави под знак прашање регуларноста на претседателските избори, тврдејќи на Твитер дека милиони луѓе на изборите „илегално“ го дале својот глас. Трамп зборува за „сериозна изборна измама“ во сојузните држави Вирџинија, Њу Хемпшир и Калифорнија, каде победи неговата противничка Хилари Клинтон. Тој сепак...
Италија шокирана од новите детали
Post Views: 5 Да се потсетиме, воочи финалето на купот на Италија, хулиганите на Наполи и Фиорентина меѓусебно се степале на улиците на Рим, а ја напаѓале и полицијата која безуспешно се обидувала тоа да го спречи. Паниката настанала кога се појавила информација дека четворица навивачи на Наполи се застрелани. Поради тоа е уапсен екс лидерот на навивачите на Рома, Данеле Де Сантис, кого полицијата го обвини и објави дека било дело на осамен лудак и во тоа не учествувале навивачите на Рома. Еднакво внимание за италијанскат јавност првлече и Џенаро Ди Томазо и фактот дека токму тој...
Пецаков беше дел од маскенбалот „Емшири 2022“
Post Views: 16 Денеска на големиот празник Велики поклади – Прочка, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на традиционалниот маскенбал ,,Емшири 2022” во Велгошти. На дечињата им доделивме симболични пакетчиња обезбедени од Месната Заедница со поддршка од Општина Охрид. Децата ги покажаа своите интересни кореографии со кои симболично повикаа на мир, љубов, разбирање и весело детство – напиша Пецаков на фејсбук.Градоначалникот преку фејсбук статус упати честитка по повод празникот Прочка, која што ви ја пренесуваме во целост: Упатувам искрени честитки...
Македонија со најниска просечна плата во регионот
Post Views: 10 Највисока просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра. Во Македонија, како најниска во регионот, просечната плата е за 9,20 евра помала споредбено со крајот на 2015 година и на почетокот на минатата година, или 373 евра. И покрај тоа што просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра, според податоците за октомври лани беше најголема во регионот, сепак, е за 15,2 евра помала во однос на претходната година во кога изнесувала 1.035,60 евра. ...