Skip to main content

Автор: инфодеск

Билетите на RyanAir во иднина бесплатни

Post Views: 11 Ирската авио-компанија RayanAir планира наместо промотивни наскоро да дели бесплатни карти за сите оние кои сакаат да летаат со нив. Шефот на оваа авио-компанија Мајкл О’Лири рекол дека очекува до 2026 година неговата компанија да продава карти за своите летови по цена од 0 денари базна тарифа, а приходи ќе имаат од продадени концесии. „Има визија дека во наредните пет до десет години картите за летови на RayanAir ќе бидат бесплатни“, рекол тој и додал дека во тој случај летовите ќе бидат полни, а дека тие ќе имаат заработка од аеродромските приходи,...

Продолжи со читање

Поларни температури во Македонија, Охрид со -17

Post Views: 6 Во Берово во шест часот утрово температурата се спуштила до рекордни минус 28 степени, во Крива Паланка -23, во Битола -24, во Тетово -22, Прилеп -21, во Штип -20, а Охрид -17. Излегувањето на отворено при вакви температури не е препорачливо. Неопходно е на себе да се има топла облека и соодветни обувки. Студеното време ќе продолжи и денеска, а се очекува највисоката температура во Охрид да биде -7 степени. Во текот на ноќта, исто така, ќе има значителен пад на температурите на територијата на целата држава и прогнозите се дека повторно ќе имаме температури од...

Продолжи со читање

Луфтханза приземјена поради штрајк на пилотите

Post Views: 6 Синдикатот на пилотите ги повика пилотите да штрајкуваат и во текот на утрешниот ден, а повикот дојде непосредно по рочиштето на судот во Хесен, кој го отфрли барањето на Луфтхaнза за забрана на денешниот штрајк. Штрајкот на пилотите официјално почна непосредно по полноќ. Според Луфтханза, откажани се 876 летови, од кои 51 се интерконтинентални. Авиокомпанијата вчера напладне објави вонреден план на летање и се обиде на патниците да им понуди алтернатива за летање колку што е тоа можно. Меѓутоа, вонредниот план важи само за денеска. Патниците чиј лет е погоден...

Продолжи со читање

Силен земјотрес и цунами во Јапонија

Post Views: 8 Најмалку шест лица се повредени, а илјадници се евакуирани во повисоките делови на островот откако јапонските власти издадоа предупредување за цунами по земјотресот со јачина од 7,4 степени и серијата повратни потреси во префектурата Фукушима. Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 67 километри североисточно од градот Иваки, кој се наоѓа во крајбрежниот регион Хамадори. Како што јавува Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил на длабочина од 25 километри, а по него следувале уште седум повратни потреси. Од силните потреси во морскиот...

Продолжи со читање

Деби од соништата

Post Views: 7 Во ноќта кога еден од клупските великани можеби го одигра својот последен натпревар, се роди нова ѕвезда на Олд Трафорд. Рајан Гигс го одигра можеби својот последен натпревар за црвените ѓаволи, иако треба службено да го потврди своето заминување, но тоа беше ноќ во која Гигс им даде прилика на младите играчи, а тоа со задоволство го врати 18 годишниот Џејмс Вилсон. Дебитантот Вилсон одлично се снајде, два пати се запиша во листата на стрелци и стана четврт најмлад играч на Манчестер во Премиер лигата. Не е лошо за момче кое не било ни родено кога Гигс го освоил...

Продолжи со читање

Денес ДИК ќе ги предаде уверенијата за новите пратеници

Post Views: 9 Во Државната изборна комисија денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016. Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ. Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. Засега нема информација дали на истата седница ќе бидат избрани претседател и заменици...

Продолжи со читање

Спречен нов терористички напад во Франција

Post Views: 8 Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска соопшти дека француската полиција спречила планиран терористички напад во Стразбур. Уапсени се седум лица во Стразбур и Марсеј, по потекло од Франција, Мароко и Авганистан, на возраст меѓу 29 и 37 години. Апсењата се извршени во текот на изминатата ноќ. Според министерот за внатрешни работи, терористичката акција била „планирана подолго време на наша територија“. „Франција никогаш досега не се соочувала со ваква терористичка закана“, изјави Казнев. „Спречивме нов терористички напад“. Нема информации...

Продолжи со читање

Иднината на фудбалот на коцка

Post Views: 7 Манчестер Сити е казнет од УЕФА со 60 милиони евра поради трошење над своите можности. Следната сезона за Лигата на шампиони ќе може да пријави 21 фудбалер наместо 25. Веројатно слична казна ќе добие и ПСЖ. Со финансискиот фер-плеј УЕФА почна во 2011 година, а пред крајот на оваа сезона најдетално истражуваат дваесетина клубови. Арсен Венгер одамна предупредуваше и на случајот за концесија на стадионот Етихад, каде се верува дека сумата е преплатена. “Се поставува правото прашање за веродостојноста на финансискиот фер-плеј. Ситуацијата околу Сити ни праќа порака...

Продолжи со читање