Автор: инфодеск
Post Views: 7 Бензините и дизел горивата од полноќ поскапеа за два денара по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,5, ЕУРОДИЗЕЛ-от (Д-Е V) 53,5, а Екстра лесното масло за домаќинство се продава за 42 денара за литар. Се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,109 денари за килограм.
Американскиот долар со највисока вредност од 2003 година
Post Views: 4 На светските девизни пазари вредноста на доларот кон кошничката на валути минатата недела достигна највисока вредност во последните 13 и пол години, бидејќи се очекува Федералните резерви на САД (ФЕД) да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годината. Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5%, на 1,0590 долари, а во еден момент достигна вредност од 1,0567.Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминатите пет и пол месеци. Во изминатите две недели доларот во однос на јенот...
Кога син на мафијаш командува, државата молчи и гледа
Post Views: 8 Веќе неколку години финалето на купот во Италија се игра во Рим. Сме виделе двобои помеѓу Јувентус и Наполи, дури и градско дерби помеѓу Рома и Лацио, но ниту едно од тие финалиња не предизвика хаос како она саботното. Едноставно, во Рим се најдоја четири групи кои меѓусебно, најблаго речено, не можат да се поднесат. Посебно е изразен анимозитетот, па дури и омраза, во триаголникот Рома-Наполи-Лацио, или воопштено на релацијата Рим – Неапол. Но да се разбереме, ниту виолетовите од Фиренца не се „цвеќе“. Имено, се започнало со тепачката помеѓу навивачите на...
Управниот суд на потег за жалбите на партиите
Post Views: 8 До Управниот суд и ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи „скандалозниот приговор на подносителот, политичката партија движење Беса и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар, изборна единица 6″, соопшти партијата. Претходно, СДСМ најави дека поднеле четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Управниот суд е должен да ги земе предвид...
Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди Нов Зеланд
Post Views: 5 Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според податоците на европската геолошка служба потресот е со јачина од 7,4 степени по Рихтер со епицентар на длабочина од 10 километри. Потресот се случил нешто по полноќ по локално време. Епицентарот е на 99 километри од Кристчрч, кој пред неколку години беше разурнат во земјотрес. Тогаш погинаа најмалку 185 луѓе, а потресот беше со магнитута од 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил почувствуван и во градовите Велингтон и Чевиот. Се уште нема официјални информации за повредени и материјални штети. Жителите на Нов Зеланд на...
Симеоне изненадил со изјавата
Post Views: 7 По поразот од 2-0 од Леванте во 36 коло од шпанското првенство, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид бил брилијантен со изјавите за печат. “Овој пораз е најдобрата работа што можеше да се случи. Не чекаат три недели на висок интензитет полн со емоции. Ова е идеален момент за момците, за играчите. Не чекаат три фантастични недели”, рекол аргентинскиот тренер. “Секогаш зборував дека се натпреваруваме со фантастични противници. Ги гледавме како губат и тоа за нас беше несфатливо. Сега дојде ред и ние да загубиме. Зад нас се три фантастични недели во кои бевме...
ДИК заврши со разгледување на приговорите од политичките партии
Post Views: 12 Со четири гласа „за“ и четири гласа „против“ Државната изборна комисија го одби приговорот на Коалицијата предводена од СДСМ за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите, а со кој се бараше поништување на гласањето на избирачкото место број 2011 во Општина Теарце во Шестата изборна единица. Претставникот делегиран од ДУИ во ДИК Субхи Јакупи се иззема од гласањето. За прифаќање на приговорот гласаа членовите на ДИК Виолета Дума, Игор Милев, Реџеп Прокупца и претседателот на ДИК Александар Чичаковски, а против Силвана Бонева, Сашо Срцев, Бедредин...
Ги освои САД , но и социјалните мрежи
Post Views: 6 Многу е веројатно дека никогаш еден претседателски кандидат, а од вчера и претседател на САД, не предизвикал толакво внимание како контроверзниот Доналд Трамп. Демократијата е во полн сјај, велат едни, додека други ќе кажат дека ова е всушност почетокот на крајот на демократијата во САД, но на крајот од денот останува само еден факт – Доналд Трамп е победник. Трамп ќе седне во фотељата наменета за најмоќниот човек на светот, а со тоа ја освои Америка, но истовремено ги освои и социјалните мрежи бидејќи во последните неколку дена се срушени бројни рекорди на...