Автор: инфодеск
Post Views: 204 Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2025 година во однос на истиот период минатата година е зголемен за 6,2 отсто, додека во однос на декември 2024 година е зголемен за 0,8 проценти.Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 6,9 отсто, а во споредба со февруари 2025 година, е зголемен за 1 процент.
Облачно време со услови за дожд
Post Views: 143 Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе се искачи до 9. степени.Денеска се очекува продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува засилен северен ветер (над 70 км/часот) и температурите значително ќе опаднат.Утре со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег. Потоа времето ќе...
Туристичките потенцијали на Охрид и Македонија презентирани на саемот во Ниш
Post Views: 170 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествува на туристичкиот саем во Ниш, Србија со сопствен изложбен простор на кој се презентираат туристичките капацитети и можности кои ги нуди земјава.Македонската понуда е насочена кон богатата култура, вински туризам, гастрономија, убавините на Охрид, Дојран и Југоисточниот регион, алтернативни форми на туризам, а се во интерес на српскиот туристички пазар.“Во духот на добрососедство и подобрување на работната клима што е предуслов за развој на туристичкиот сектор, Агенцијата за промоција и поддршка на...
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција
Post Views: 173 Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на...
ГФК Лихнидос денеска игра против Каменица Саса
Post Views: 239 Фудбалерите на Градскиот фудбалски клуб Лихнидос, во рамки на 22-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес играат со екипата на Каменица Саса.Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 15 часот.
Прекинат повикот за субвенционирање за набавка на клима уред
Post Views: 151 Од Општина Охрид ја известуваат јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, за останатите граѓани се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 година.За ранливите категории на граѓани повикот продолжува се до исцрпување на предвидените средства, информираат од локалната самоуправа.
Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 126 Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.Утре ќе има продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.) и температурите значително ќе опаднат. Во понеделник со засилен северен ветер...
За конзервации во НУ Завод и музеј издвоени 7 милиони денари
Post Views: 151 И оваа година продолжуваат конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка. Конзервацијата започна во 2022 година како дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.Верскиот објект со културно историско значење во близина на Долна порта, датира од 14 век, фресоживописот е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.Оштетувањата се предизвикани од дождовната влага која транспортира соли врз фреските.„Неколку години наназад се работи на реставрација,...
Календар за подигнување на отпад од кантите за селекција
Post Views: 145 Ј.П.,,Охридски Kомуналец” го објави календарот за 2025 год за подигнување отпад од хартија и пластика од садовите за селекција.Јавното претпријатие на наведените датуми ќе врши подигнување на отпад од пластика ( жолти садови) и хартија и картон ( сини садови) од кантите за селекција за 2025 година и тоа од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”:
Општина Охрид објави јавен повик за финансирање проекти за одржлив локален економски развој и туризам
Post Views: 209 Согласно Програмата за поттикнување и развој на туризмот и Програмата за поддршка на локаниот економски развој на Општина Охрид за 2025 година, Општина Охрид објави јавен повик за финансирање проекти од областа на одржлив локален економски развој и туризам.Граѓанските здруженија можат да ги достават пријавите во рок од 15 дена од денот на објавување на повикот на веб страната на Општина Охрид.Повеќе информации ТУКА.
Подобрени условите во балон салата во Требеништа
Post Views: 161 Во пресрет на второто издание на Турнирот во мал фудбал “Св. Никола Требеништа 2025” Општина Дебрца ги подобри условите за сите посетители на оваа спортска манифестација, односно на источната страна од балон салата изградена е триредна трибина, во должина од 36 метри.Вкупната вредност на работите изнесува 1.121.180 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2025 година.И оваа година општината како генерален покровител ќе го помогне турнирот со 80.000 денари согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025...
Утре ЕКО-МАРКЕТ на плоштадот Крушевска Република
Post Views: 160 На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република” (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ, каде што ќе можете да најдете и да продавате:Облека од втора ракаРачно изработени сувенириКниги, торби, обележувачи за книги и креативни изработкиКреативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот.Сè уште има место за учество. Доколку сакате да продавате и да ја поддржите оваа иницијатива, пријавете се.Сите собрани средства ќе бидат донирани за...