Skip to main content

Автор: инфодеск

Струшка болница

Струшките хирурзи револтирани: Од 1 јуни само итни случаи, бараат решение за платите и условите за работа

Views: 246 Од 1 јуни, хирурзите и анестезиолозите во Општата болница во Струга ги ограничија своите активности исклучиво на итни хируршки интервенции, додека сите планирани операции и неитни случаи се одложуваат до понатамошно известување.Според нив, ваквата одлука е резултат на долгогодишни нерешени проблеми поврзани со пресметката и исплатата на нивниот труд, како и поради отсуството на слух од надлежните институции за решавање на овие прашања.Медицинскиот персонал посочува дека и понатаму се применува застарен систем за пресметка на платите, а незаконски е намален и бројот на...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид од 10 часот

Views: 232 Поради интервенвија на водоводната мрежа , денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Марко Нестороски“ , „7ми Ноември“ , „Егејска“ и „Богомилска”.

Продолжи со читање

Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“

Views: 219 Во петок, 12. јуни, ќе биде отворена првата самостојната изложба на уметнички дела на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска.Изложбата насловена „Огледало на Охрид“, ќе биде поставена во „Летница“, кујна и бар,  со почеток во 19:00 часот.Ќе бидат изложени околу 20 дела, а посетителите ќе можат да уживаат во дела со мотиви од Охрид – пејзажи, икони, како и неколку цртежи од различни тематики.

Продолжи со читање

Свети Јован Рус, исповедник

Views: 194 Роден е кон крајот на 17 век во Малорусија. Служеше како војник во армијата на Петар I и учествуваше во руско-турската војна. Беше заробен од татарите, и предаден на Турците. Турците се обидуваа затворениците да ги преобратат во муслиманската вера, и оние кои се противеа беа многу мачени. Но, при сето тоа младиот Јован не потклекна, туку остана цврст во својата вера. Некој турски бег го купи за да му биде роб, го постави да живее во штала, помеѓу животните, и постојано го малтретираше за да се откаже од верата, но светиот Јован му рече: „Ќе ти служам во сè, но дури и да ме убиеш...

Продолжи со читање

До 26 степени во Охрид, попладне можност за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи

Views: 208 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес минималните температури во Охрид од 11, а максималните до 26 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека до четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд,...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на „Денот на спортот“ во рамки на ,,Плазма Спортските игри“

Views: 229 Во Охрид денеска се одржа „Денот на спортот“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади, кои оваа година за првпат се реализираат во Македонија. Целта на овој спортски собир е да се испрати силна порака за значењето на спортот, дружењето и здравите животни навики кај младите.Во обраќањето до присутните, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски истакна дека е особена чест што Охрид е домаќин на оваа значајна регионална спортска манифестација, особено во период кога градот го слави големиот успех на охридскиот ракомет и освојувањето на европскиот...

Продолжи со читање

Вдиши театар

11-тото издание на „Вдиши Театар“ носи четири дена креативност и младинска енергија во Охрид

Views: 242 Охрид од 10 до 13 јуни ќе биде домаќин на 11. издание на Меѓународниот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши Театар 2026“, во организација на Црвен крст Охрид. Фестивалот и годинава ќе ги обедини младите театарски ентузијасти од Македонија, Србија и Црна Гора, нудејќи богата програма и четири вечери исполнети со театарска уметност.Свеченото отворање е закажано за 10 јуни во 20:30 часот во предворјето на црквата „Света Софија“, каде што охридската публика ќе има можност да ја проследи претставата „Маски“ во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид.Во рамки...

Продолжи со читање

Новите летови од Полска се очекува да донесат илјадници гости на охридското крајбрежје

Views: 272 Со првиот авион од Вроцлав вчера во Охрид пристигнаа околу 200 туристи од Полска. За само еден ден ќе стартува и новата авиолинија до Катовице.Новите летови од Полска се очекува до средината на септември да донесат илјадници гости на охридското крајбрежје и да придонесат за продолжување на туристичката сезона. Ова лето од Охридскиот аеродром ќе се патува до 17 дестинации.„Ова не се само туристички летови, туку летови кои не се само сезонски и кои ќе донесат дополнителна вредност за целиот регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела почнуваат летовите на...

Продолжи со читање