Автор: инфодеск
Post Views: 10 Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари. За половина денар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел, а...
Дали е ова крај на една блескава кариера
Post Views: 5 Неодамна најави дека сеуште не донесол конечна одлука околу завршувањето на кариерата, но Ивано Балиќ порача дека или ќе прекине или ќе одигра уште една сезона за германскиот Wetzlar. На натпреварот против Minden, Балиќ ја напуштил играта веќе во 10 минута, а подоцна тамошните медиуми напишаа дека се работи за скинат лист од десната нога. Повредата на тој мускул, на ракометниот Моцарт, го мачела и од порано, а оваа вест би можела да значи и дефинитивен крај за кариерата. Оваа сезона дефинитивно нема да заигра повторно, а ќе видиме дали овој несреќен натпревар ќе му...
NIKE најави патики на иднината
Post Views: 7 Компанијата Nike конечно најави продажба на патики кои сами се врзуваат, токму како оние кои ги носеше Мајкл Џ. Фокс во филмот Враќање во иднината 2. Nike HyperAdapt 1.0 ќе бидат достапни кон крајот на ноември оваа година, но во прво време само во одбрани продавници во САД. Цената засега не е позната, но се претпоставува дека ќе биде многу висока. Секоја од патиките има посебен внатрешен систем на жици и сензори на притисок во долниот дел на патиката. Кога ќе се постави ногата во патиката, жиците се затегнуваат врз основа на проценката на алгоритамската равенка...
ДИК: 1.770.736 гласачи со право на глас за изборите во декември
Post Views: 16 Oд Државната изборна комисија соопштија дека вкупно 1.770.736 граѓани ќе имаат право на глас на вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември, оваа година. За разлика од претходните парламентарни избори кои се одржаа во 2104 година, оваа година има 9.392 гласачи помалку. Намалување на бројот на гласачи има во првата и втората изборна единица, а речиси 8.000 гласачи помалку има во изборните единици во Скопје и Куманово. Од ДИК информираа дека избирачкиот список е доставен до сите политички партии на 30 август. Јавен увид во списокот ќе...
Хамилтон победник во Малезија
Post Views: 5 Возачот на Мерцедес Британецот Луис Хамилтон е победник на трката од Фомула1 во Малезија која денес се возеше на патеката Сепанг. Второто место со заостанување од 17,3 секунди го завзеде неговиот тимски колега Нико Розберг, додека трет на целта беше актуелниот светски првак Себастијан Фетел. На Луис Хамилтон ова му е прва победа во Малезија, а Розберг, кој беше победник на првата трка во Австралија, останува водечки во генералниот пласман. Освојувачи на поени во Малезија: 1. Luis Hamilton (Mercedes) 2. Nico Rosberg (Mercedes) 3. Sebastian Vettel (Red Bull) 4....
Low – cost компанија најави летови од Европа кон САД за 60 евра
Post Views: 10 Откако low-cost компаниите го прекрија европското небо се чини дека се спремни и за нов исчекор и летање преку атлантикот. Можноста за лет до САД за ниски цени се чини дека никогаш не била поблиска. Норвешката low-cost авиокомпанија Norwegian најави дека во својата понуда ќе ги вклучи и прекуокеанските летови по цена од 50 фунти веднаш штом стигнат нарачаните авиони. Авиокомпанијата и во моментот ги нуди најевтините летови преку атлантикот бидејќи последните години до Њујорк или Лос Анѓелес се лета за 149 фунти. Од 2017 година цените ќе бидат три пати...
Собранието денес ќе гласа преодна влада
Post Views: 7 Собранието на Република Македонија денеска согласно договорот постигнат на лидерската средба треба да ја избере преодната влада која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Според договорот, во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. СДСМ синоќа едногласно реши кандидати за овие позиции да бидат истите лица и од претходната преодна влада –...
Време е за нова тениска класика
Post Views: 4 Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал за противник во финалето на мастерс турнирот во Мајами го има вториот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Новак ќе проба да ја освои својата четврта титула во Мајами во 20.30 чаот по средноевропско време. Нивниот дуел е јубилеен 40-ти на АТР турнирите, а шпанскиот ас води со 22-17. Последните два меча Ѓоковиќ и Надал ги одиграа во Пекинг и Лондон, двата во финале и во нив славеше Србинот. Интересно е тоа што и двајцата до финалето во Мајами стигнаа без борби во полуфиналето.Томас Бердих го предаде мечот со Надал поради стомачни...