Skip to main content

Автор: инфодеск

Во јануари Македонија ја посетиле над 47 илјади туристи, најбројни од Турција и Србија

Post Views: 155 Во јануари годинава во Македoнија се евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 се домашни, а 59.6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика.Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48.4 проценти се од домашните туристи, a 51.6 отсто од странските туристи. Во наведениот период, Македонија ја посетиле над 5.500 Турци, над 3.000 Срби и Грци и повеќе од 2.500 гости од Албанија. Регистрирани се и 1.810 бугарски туристи, како и 1.507 од Косово.Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен...

Продолжи со читање

19 одобренија за градење издадени во Охрид во јануари 2024 година

Post Views: 168 Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 19 одобренија за градба во Охрид од кои 14 одобренија на приватно лице како инвеститор, а 5 на деловен субјект. Предвидена е изградба на 150 станови со вкупна корисна површина од 10460м2.Во јануари 2024 во Струга не е издадено ниту едно одобрение за градба.Во извештајниот период на ниво на државата издаени се вкупно 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност...

Продолжи со читање

Повисоки цени на хотелско угостителските услуги на брегот на Охридското Езеро

Post Views: 164 Поскапуваат цените во хотелско угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Инфлацијата, одмрзнувањето на цените на основните производи,зголемените  трошоци и  порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето на цените оваа туристичка сезона.Се работи за корекција на цените на услугите од  5  до 35 %, во однос на лани.„Под тој притисок на разлики во цените, ние мораме да ги покачиме цените. Самата инфлаија не доведе во ситуација барем да покачиме за 20% а на одредени артикли може да има покачување и...

Продолжи со читање

Спомен плочата од НОБ ќе биде вратена на старото место, им ветил Пецаков на Сојузот на борци oд НОАВМ

Post Views: 1.953 Во врска со отстранувањето на спомен плочата која се наоѓаше пред некогашната зграда на Синдикатот  реагираат од ОО на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца. Воедно укажуваат дека според Законот за меморијални споменици и спомен обележја Сл. Весник на РМ бр.66/2004 година, надлежни за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, се локалните самоуоправи на општините во Македонија.– Како Сојуз на борци стапивме во контакт со кабинетот на Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, и добивме...

Продолжи со читање

Кривична за „убиство во обид“ за лицето осомничено дека турнал жена од трет кат во Охрид

Post Views: 481 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годиишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.„На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија турнал 39-годишна жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди....

Продолжи со читање

Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора” повторно на репертоарот во четврток и петок

Post Views: 256 Повторно на барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора” од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, на репертоарот на Народен театар Охрид во деновите 14-ти (четврток) и 15-ти (петок) март 2024 година.Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.Почеток на претставата во 20.00...

Продолжи со читање

Во ТИРЗ Струга ќе се гради фотонапонска централа

Post Views: 182 Во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Струга ќе се градат две фотонапонски централи со вкупна моќност од близу 8MW. Двете централи ќе се градат во рамки на јавно-приватно партнерство со турската компанија Фидес Електрик енерџи, избрана на јавен повик. Јавниот повик беше отворен на крајот на ноември 2023г. во постапка согласно Законот за јавни набавки, во траење од 45 дена, под исти услови за домашни и странски компании.Во рамки на повикот беа доставени две понуди. Една од избраната компанија, како и една од израелско – кинески конзорциум. Турската компанија ќе треба да изгради...

Продолжи со читање

Започна Рамазанскиот пост

Post Views: 151 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето...

Продолжи со читање

Охридско гостопримство со бисери за 50 туристки од Хрватска

Post Views: 384 По 15 ти пат подарок охридски бисери за туристките од Охрид.  Пред педесеттината гостинки од Хрватска денес на плоштадот Долна Порта беше раскажана приказната за оригиналниот охридски бисер, а по повод празникот на жената гостинките добија подароци. Целта на оваа традиционална акттивност на Филеви и туристичките водичи е промоција на Охрид и културното наследство.„Овие промотивни активности кои ги правиме можам да кажам дека многу значат не само за охридскиот бисер туку за градот Охрид, за целиот регион и нашите културно историски споменици. Ние 15 години...

Продолжи со читање

Се помал интересот за прослава на 8-ми Март по хотели и ресторани

Post Views: 223 Сончев 8-ми Март во Охрид. Раздвижено во чаршијата и на кејот. Се купуваат цвеќе и подароци, насекаде се честита празникот на жената, а не изостанува и традиционалниот наратив за економска и социјална рамноправност. Потоа следуваат, исто така традиционалните  забави по охридските кафулиња, ресторани и хотели. Хотелиерите велат дека охриѓанки не слават масовно како порано, но сепак забава ќе има поради гостинките од странство, претежно од земјите од регионот.  „Во нашиот хотел 8 Март ќе го прославуваат гостинки од Србија, 70 проценти е исполнет капацитетот....

Продолжи со читање

Жена паднала од трети кат на зграда, приведени две лица во врска со настанот

Post Views: 380 Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода” во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.-Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански” во Охрид, лишени од слобода се две лица од Охрид на возраст од 32 и 21 година. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Со настанот „Жени во фокусот“ Општина Охрид го одбележа 8-ми Март

Post Views: 1.477 По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, оваа година за прв пат се одржа настанот „Жени во фокусот“.Синоќа беше отворена изложбата посветена на 12 жени кои својата животна и професионална приказна ја градат во Охрид. Бројот 12 е избран како симбол на грижата и љубовта која треба да им се посветува на жените во текот на сите 12 месеци во годината.Преку  изложбата на фотографии подготвени од младата фотографка Нина Ангелоска прикажани се нашите сограѓанки: Поликсена Тунтева, Гордана Коњаноска, Мимоза Влаши – Хиса, Анета Јованоска, Наташа Неданоска,...

Продолжи со читање