Автор: инфодеск
Views: 221 Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од утре ќе има привремен режим на сообраќајот.Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“, информираат од општина Охрид.Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет од 9 до 16 јуни.
Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
Views: 248 Утре започнуваат натпреварите од јубилејното 10-то издание на Меморијалниот турнир „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски – Профа“.Турнирот традиционално се организира во чест на Васко Речкоски – Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ во Велгошти, како знак на почит кон нивниот придонес за заедницата и вредностите што ги пренесуваа на младите генерации.„Овој турнир веќе десет години претставува едно од најпрепознатливите спортски случувања во регионот. Наменет е за деца и младинци до 19 години, со цел преку спорт, дружење и фер-плеј да се негуваат...
Недостаток на примарна здравствена заштита во руралните средини во охридско
Views: 231 Недостигот од здравствена заштита во руралните средини е еден од поголемите предизвици. Ситуацијата дополнително се усложнува во текот на туристичката сезона, кога бројот на жители и посетители долж брегот на Охридското Езеро повеќекратно се зголемува.И покрај потребата од побрз и полесен пристап до лекарска помош, за најосновни здравствени услуги населението е принудено да патува до охридските болници.„Пристап до редовни здравствени прегледи и здравствени услуги имаат само жителите на неколку села во општина Дебарца, каде што сè уште...
Вечерва ќе се врши дезинсекција против комарци
Views: 187 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 08.06.2026 год. (понеделник ) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат...
Денеска започнуваат Петровденски пости
Views: 275 Денеска започнуваат Петровденските пости кои ќе траат до големиот христијански празник Петровден, кој се одбележува на 12-ти јули.Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на...
Топло, но нестабилно: Следува период со поројни дождови и локално невреме
Views: 210 Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.Од УХМР велат дека во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и...
Поради дефект вечерва прекин во водоснабдувањето во Пештани
Views: 283 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 20:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Пештани.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата.
Финале на Опен Балкан куп и 4. Меморијален меѓународен боксерски турнир „Алексо Огненовски“ утре во Охрид
Views: 377 На Античкиот театар во Охрид, утре ќе се одржи финалето на Опен Балкан купот и 4. Меморијален меѓународен боксерски турнир „Алексо Огненовски“.Боите на охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ ќе ги бранат: Давид Најдески, Кристијан Стојаноски, Филип Мајкиќ, Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Наум Стојаноски. Дефилето на елитните борби започнува во 17:00 часот.









