Skip to main content

Автор: инфодеск

Терористи со намера за напад на отворањето на Бундес лигата

Post Views: 11 Во Германија е уапсен високопозициониран член на терористичката група на Исламска држава, јавува Bildt,  а фатен е при рутинска контрола на полицијата. Информациите за можно планирање на терористички напад ги дал еден затвореник. Полицијата потврдила дека е уапсено едно 24 годишно лице кое е бегалец од Сирија, но нема никакви докази дека е поврзан со планирање на терористички напад. AFP во меѓувреме пренесува дека германските државни служби се на нозе бидејќи се појавиле информации дека е загрозено отворањето на новата фудбалска сезона во Бундес лигата. ...

Продолжи со читање

Од 1-ви јули стартува забрана за увоз на возила со ЕУРО-3 стандард

Post Views: 11 Рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 истекува на 1-ви јули.30-ти јуни е последниот ден кога мора да биде платена царината и да бидат завршени увозните процедури, а рокот за хомологација засега е неограничен. Од тогаш ќе можат да се увезуваат само автомобили со стандард Еуро 4 или повисок. Според Царинската управа, податоците велат дека во првите два месеци од 2016 во Македонија се увезени 4.209 половни возила. Тоа е двојно повеќе од истиот период лани, кога во Македонија биле внесени 2.514 возила. Рекордна година за увозот на половни...

Продолжи со читање

Легендата на Барса осуден на три години затвор

Post Views: 4 Поради даночни измами и перење пари е осуден на три години и еден месец, легендарноит романски фудбалер Георге Попеску. Освен Попеску, осудени се уште седумина романски фудбалски работници. Неправосилната пресуда е донесена уште во 2012 година но овој вторник е потврдена од жалбениот суд во Букурешт. Тоа е воедно и поледната инстанца, па Попеску и останатите немаат право на жалба. Главната причина се трансферите на 12 фудбалери кои се случиле во периодот од 1999 до 2005 година. Осуммината осуденици ја оштетиле државата за 1,7 милиони евра така што пријавувале помали...

Продолжи со читање

Facebook најави крај за насловите од типот “нема да верувате…”, “следуваше шок…” и слично

Post Views: 6 Како што објави порано, Facebook планира да ги маргинализира објавите кои ги мамат читателите и деновиве нивниот алгоритам би требало да почне да ги отстранува од news feed насловите кои ги иритираат поголемиот број на читатели. Од Facebook објавија дека со помош на новиот алгоритам ќе ги отстранува насловите кои ќе бидат класифицирани како “clickbait”, или оние кои ја ускратуваат или објавуваат неточна информација. Вакви наслови многу поретко ќе се појавуваат на ѕидот од корисниците. “Сакаме издавачите да објавуваат информации кои на луѓето ќе има бидат од...

Продолжи со читање

Јапонскиот Panasonic со намера да го превземе Gorenje

Post Views: 8 Јапонската корпорација Panasonic спроведува длабинско снимање на словенечкиот Gorenje, потврдил за љубљанско Delo Фрањо Бобинац, директорот на фабриката од Велење за производство на апарати за домаќинство, а постои можност Panasonic целосно да ја превземе компанијата. Panasonic во Gorenje влезе пред три години со влог од 10 милиони евра и стекна скоро 11% од акциите, а минатата година докупи уште 1%. Некои сметаат дека целта на снимањето е зголемување на сопственичкиот удел на Јапонците на 20% или можноста Panasonic целосно да ја превземе контролата над пакетот...

Продолжи со читање

Италија: Боинг 737 заврши на патот во близина на аеродром

Post Views: 5 Карго авион Боинг737 се сруши при слетувањето на аеродромот во Бергамо, Италија. Поради лоши временски услови авионот заврши на на патот кој минува во близина на аеродромот и за среќа никој не е повреден. До несреќата дошло во петок во 4 часот наутро. Откако авионот успеал да слета на една од пистите тој го продолжил слетувањето и завршил на блискиот пат. Тој летал од Париз, а екипажот се извлекол без повреди, јавува Guardian.

Продолжи со читање

Во регионов ќе се гради најдолгата жичара во светот

Post Views: 8 Во четвртокот е распишан меѓународен тендер за изградба на жичара во Црна Гора од Котор преку Ловќен до Цетиње, која со 14,7 километри би била најдолга на светот, рекол за новинарите градоначалникот на Цетиње Александар Богдановиќ. “Понудите за претквалификација се доставуваат до 5 октомври. По одбирањето на концесионерот и издавањето на градежна дозвола, градбата на жичарата, во зависност од временските услови, ќе трае од 10 до 12 месеци”, рекол Богдановиќ. Возењето Котор-Ловќен-Цетиње ќе трае 43 минути. “Се уверивме дека постои интерес на потенцијални...

Продолжи со читање

Напад со нож во Лондон, можен тероризам

Post Views: 8 Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот. Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам. Едно 19 годишно лице било уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили. По нападот на сограѓаните им се обратил градоначалникот Садик Кан кој рекол дека безбедноста на жителите на Лондон е главен приоритет. “Безбедноста...

Продолжи со читање