Skip to main content

Автор: инфодеск

Патрон празник на ОУ „Живко Чинго“

Post Views: 60 Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа патрониот празник.Пред присутните свое обраќање имаше Љубица Ангелоска Кркачоска, директор на училиштето. Таа на најуспешните ученици им додели награди.Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Втора Седница на Советот

Post Views: 55 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на втората Седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион што денеска се одржа во Струга.На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2021 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-прва фаза на спроведување“.На средбата се разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на...

Продолжи со читање

нивелирање на шахти

ЈП „Нискоградба“ со низа активности

Post Views: 48 Екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ и денес со низа активности низ Охрид.Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на потег од Стара чаршија до Мал плоштад кај „Стопанска банка“ Битола.Додека пак, одделението за градежно одржување во рамки на своите активности, врши нивелирање и подигнување на шахти на ул. 15-ти корпус кај кружниот тек. Возете внимателно ! – апелираат од ЈП „Нискоградба“.

Продолжи со читање

Русија телевизија протест војна

Исчезна руската новинарка која протестираше среде емисија

Post Views: 37 Руската новинарка Марина Овсијаникова, која упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, за да протестира против војната во Украина е пријавена за исчезната во текот на ноќта, пишува Би-Би-Си.Овсијаникова, уредничка на „Прв канал“, кој е под државна контрола, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак.Знакот, јасно видлив на неколку секунди, гласеше: „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Сега не се знае каде се наоѓа уредничката.Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на...

Продолжи со читање

муниција за сигнален пиштол

Пронајдени 100 куршуми кај лице од Дебар

Post Views: 63 На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

депонија над антички театар

Депонија над Антички театар

Post Views: 53 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа депонија лоцирана веднаш над Античкиот Театар во Охрид.Секоја година на овој потег во пролетните и летни месеци, местото станува депонија (секако, тука е виновно и локалното население). Тоа не се забележува бидејќи просторот е покриен со “мала џунгла” од високо зеленило и грмушки, но во овој период е доста видливо – вели Филип Жура. Доколку сега би се откорнале или скастриле диво пораснатите растенија, верувам дека во иднина овој простор ќе биде оплеменет и нема да биде...

Продолжи со читање

Стружанец дивеел пред локал

Post Views: 41 На 06.03.2022 година во 23.50 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување извршено од И.М.(33) од Струга.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Да се стават во функција семафорите во Охрид

Post Views: 81 Советниците бараат од Локалната самоуправа да изнајде сообраќајно решение на две раскрсници во Охрид.Семафори има само кај раскрсницата на ул. Железничка и ул. Кленоец, како и раскрсницата на ул. Питу Гули и ул. Марко Нестороски. Иако ги има, тие не функционираат.Сообраќајот на овие делови од градот е доста прометен, особено на ул. Питу Гули, бидејќи е со предност на минување. Со оглед на тоа што во непосредна близина на оваа раскрсница се наоѓа ОУ ,,Христо Узунов”, вака без сигнализација загрозена е и безбедноста на учениците, како и на другите...

Продолжи со читање