Skip to main content

Автор: инфодеск

Над 2.400 тркачи од 31 држава на јубилејното 10. издание на „Охрид трчаТ“

Views: 285 Охрид викендов ќе биде во знакот на спортот и рекреацијата. Од 5 до 7 јуни ќе се одржи јубилејното 10. издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која годинава ќе собере повеќе од 2.400 учесници од 31 држава. Организаторите велат дека настанот одамна ја надминал рамката на спортска трка и прераснал во препознатлив бренд што создава нови пријателства, промовира здрави навики и го афирмира Охрид на меѓународната спортска мапа.„ Ние прославуваме јубилеј не само поврзан со трчањето туку прославуваме 10 години создавање на приказни, на пријателства, како во Македонија...

Продолжи со читање

Во Струга на 23. Конференција на КОСАП усвоена декларација за регионално партнерство и реформи за европска интеграција

Views: 289 Регионалната соработка е клучен предуслов за европските интеграции, економски развој и побрз напредок на државите од Западен Балкан. Ова е една од главните пораки од 23-та Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања (COSAP), која денес се одржува во Струга.Претставници од парламентите на земјите од Југоисточна Европа, дискутираат за воспоставувањето на заеднички регионален пазар.Посебен фокус беше ставен на германско-францускиот предлог за т.н. скалеста или фазна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија.„Како...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на улица ,,Мите Богоески”

Views: 256 Поради интервенција на водоводната мрежа , денес од 13:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Мите Богоески“.

Продолжи со читање

Езерска полиција

Приведен 75-годишен жител на Пештани поради незаконит риболов во Охридското Езеро

Views: 317 Седумдесет и петгодишен жител на охридското село Пештани е приведен поради сомнение за незаконит риболов во водите на Охридското Езеро.Според информациите од полицијата, на 5 јуни 2026 година, околу 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ го затекнале лицето при извршување на кривичното дело „незаконит риболов“.При акциската контрола биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба, како и една рибарска мрежа.По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Продолжи со читање

Во недела посебен сообраќаен режим поради одржувањето на јубилејното 10. издание на Охрид Трчат

Views: 334 Охрид викендов ќе биде домаќин на јубилејното 10. издание на спортската манифестација „Охрид Трчат“, која ќе собере повеќе од 2.400 учесници од 31 држава. Организаторите ги повикуваат граѓаните на разбирање и почитување на привремениот сообраќаен режим што ќе биде во сила во недела, 7 јуни 2026 година.Од организацијата апелираат до граѓаните да покажат почит и разбирање кон сите учесници кои избрале да дојдат во Охрид и да уживаат во неговите природни и културни убавини.Поради одржувањето на трките, на 7 јуни (недела), во периодот од 07:45 до 11:15 часот, ќе биде целосно...

Продолжи со читање

Свeтиот Михаил, eпископ Синадски

Views: 216 Овoј свeт јeрарх сe пoсвeти сeбeси oд дeтствoтo на служба на Христа. Сe пoдвизуваше заeднo сo светиот Тeoфилакт Никoдимиски. Eднаш, вo сушнo врeмe, oвиe двајца свeтитeли сo свoитe мoлитви измoлија oбилeн дoжд на зeмјата. Пoради свoјoт пoдвижнички и дeвствeн живoт уште oд свoјата рана младoст, беше избран и пoсвeтeн oд патријархoт Тарасиј за eпискoп Синадски. Учeствуваше на VII Всeлeнски сoбoр. Пo жeлба на царoт, oтиде кај калифoт Харунал Рашид да вoди прeгoвoри за мир. Вo врeмeтo на иконоборниот цар Лав Eрмeнин, беше симнат oд архијeрeјскиoт прeстoл пoради пoчитувањeтo на...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 201 Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Минималните температури денес во Охрид од 10, а максималните до 24 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.

Продолжи со читање

Ревизијата откри низа неправилности и во Академијата за судии и обвинители

Views: 320 Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, на сметката на основниот буџет.Овластениот државен ревизор изрази мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но изрази мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Од ДЗР напоменуваат дека за годините што претходат на 2024 година, не била извршена ревизија ниту пак бил издаден извештај за оваа...

Продолжи со читање