Автор: инфодеск
Post Views: 53 Охридските советници на вчерашната Седница ја усвоија и Предлог одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица.Со оваа одлука, односно согласно усвоениот буџет, парична и друга помош кон физичките лица ќе се доделува за следната намена:-еднократна помош за лекување;-еднократна помош за елементарни непогоди (пожари, поплави)-еднократна помош за новороденчиња-социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена.Средствата предвидени во буџетот на годишно ниво за...
Нови директори на две основни училишта
Post Views: 69 Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за нов В.Д. директор на ОУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани именуван е Илија Стојаноски. Тој доаѓа од редот на вработените.За В.Д. директор во ОУ „Кочо Рацин“ именувана е Славица Котеска. Славица доаѓа од редот на вработените.Градоначалникот Кирил Пецаков, на досегашните директори на основните училишта „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Кочо Рацин“, Зоран Целески и Соња Спасеска им се заблагодарува за придонесот и соработката.
Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва
Post Views: 36 Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.Како што соопшти МВР на 14 март во вечерните часови, ова било констатирано со контрадиверзивен увид на леталото, а полицијата работи на откривање и гонење на лицето кое испратило лажна пријава до аеродромот Никола Тесла преку е- пошта.Се додава дека во контрадиверзионата проверка на авион и безбедното евакуирање на патниците, учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица...
Двајца повредени во сообраќајка кај Струга
Post Views: 34 Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
Огромен скок на цената на горивата
Post Views: 31 Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво.Ова се новите цени:– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50...
Се уредуваат јавните површини низ Охрид
Post Views: 65 По налог на Општина Охрид, екипи на охридските јавни претпријатија деновиве работат на партерно уредување на јавни површини на неколку локации во Охрид и неговата околина.Во село Пештани се уредува и поплочува пристапната улица која го поврзува ова населено место со регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Изведувач на градежните активности е фирмата „Кими-Ибра“ од Кичево.Во село Велгошти со бехатон плочки се поплочи пристапната улица што води до ООУ „Живко Чинго“.Екипи на ЈП „Водовод“ пак, работат на поставување нова водоводна линија на ул. „Григор...
Наставници по ФЗО за 4-то и 5-то одделение
Post Views: 50 Со цел овозможување на правилен раст и развој на учениците од четврто и петто одделение, Општина Охрид во соработка со Сојузот на училишен спорт, ангажира осум наставници по физичко и здравствено образование. Тие како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение.Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишен спорт – Охрид, ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две...
Гранатирани две станбени згради во Киев
Post Views: 34 Денеска, на 20-тиот ден од војната во Украина, утринава продолжи руското гранатирање на Киев. Две згради во станбени области на Киев се погодени во одвоени напади, соопштија украинските служби за итни случаи.Приватна куќа во Осокорски, област источно од центарот на градот е погодена од гранатирање утрово непосредно пред 6 часот по локално време. Во двокатницата избувнал пожар, но набрзо бил изгаснат.Набргу по ова гранатирање, погодена е десеткатница во Подил северно од центарот на градот, при што пожар зафатил пет ката од зградата.Во меѓувреме, градската...







