Skip to main content

Автор: инфодеск

Струга Дрим

Пораснаа цените на становите во струшко

Post Views: 42 Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување. Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат...

Продолжи со читање

Средба на Пецаков со германска фондација

Post Views: 75 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со официјалниот претставник на германската фондација „Конрад-Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија, Давор Пашоски.Целта на средбата беше запознавање на германската делегација со тековните и планирани проекти на Локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува.Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските...

Продолжи со читање

Владата го „стега“ каишот на јавниот сектор

Post Views: 26 Владата усвои таргетирани мерки и препораки за намалување на трошоците во јавниот сектор. Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.Владата ги задолжи сите буџетски корисници и...

Продолжи со читање

Четврта рунда руско-украински преговори

Post Views: 33 Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак.Тој истакна дека и во оваа рунда преговори Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции. Четвртата рунда разговори меѓу Украина и Русија во понеделник ќе се фокусира на постигнување прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина – изјави Подољак, а...

Продолжи со читање

полициска лента

Стружанец пронајден починат во својот дом

Post Views: 36 На 09.03.2022 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.К.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом.  При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Украински преговарач убиен во Киев

Post Views: 34 Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс. Тие загинаа бранејќи ја Украина – се наведува во соопштението. Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија.Киреев е осомничен дека...

Продолжи со читање

„Разведи ме“ сабота пред охриѓани

Post Views: 50 Сабота со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи театарската претстава „Разведи ме/Две нијанси црвена“ во режија на Роберт Ристов, а во изведба на Театар “Провокација“ од Скопје. Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го...

Продолжи со читање

„Охридски Комуналец“ исчисти уште една дива депонија

Post Views: 34 Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ беа ангажирани во расчистување на дива депонија на ул. „Крали Марко”.Ангажирана беше и специјална механизација во подигнување на енормни количини кабаст отпад, зелен отпад, градежен шут и расфрлан комунален отпад од околното населние.

Продолжи со читање