Автор: инфодеск
Post Views: 61 При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.
ЕУ воведува нови санкции кон Русија
Post Views: 37 Нови санкции против руските лидери и олигарси.На состанокот биле одобриле санкциите, а договорено е тие официјално да бидат усвоени на самитот на Европската Унија во четврток и петок во Версај.Француското претседателство со Европската Унија објави дека новите мерки се однесуваат на криптовалутите. Од Свифт ќе исклучат три белоруски банки, а последиците ќе ги почувствува и поморскиот сектор.
„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии
Post Views: 29Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица...
Тепачка помеѓу охриѓанки на ул. „Железничка“
Post Views: 35 На 14.03.2022 година околу 09.30 часот пред деловен објект лоциран на булевар „Железничка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, при што Е.В.(34) физички ја нападнала И.Н.(31), двете од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во Охрид денес сончево време
Post Views: 55 Во Охрид денес по студеното утро, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со измерени максимални 10.Во текот на ноќта вторник кон среда умерено облачно и потопло време со пораст на ноќните температури.Во Охрид во среда умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната ќе достигне до 12 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за сосема слаб и локален дожд. Минималната температура од 1 односно -2 степени, додека пак дневната до...
Предлог одлука за Белчишко блато
Post Views: 34 Се донесе предлог одлука, Студенчишко блато да се прогласи за Парк на природата.Оваа одлука, Советот на Општина Дебрца ја носи врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство.Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Јокиќ го потпишува најголемиот договор
Post Views: 32 Србинот Никола Јокиќ од Денвер ќе добие нов договор од кој застанува здивот. Од следната сезона, Србинот ќе заработува 241 милион долари за пет години, или 48,2 милиони по сезона.Новиот договор го најави Мишо Ражнатовиќ кој е агент на Јокиќ.Според нашите очекувања, тој договор треба да биде потпишан ова лето, а тоа е продолжување со максимален износ, што очигледно го заслужи – изјави Ражнатовиќ.Јокиќ со евентуален ваков догвор ќе го надмине Јанис Адетокумбо, кој е најплатен со 228.200.000 долари.
Комодита донираше душеци и перници
Post Views: 36 Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, во рамки на својата хуманитарна кампања „Секој сон е важен“ на 02.03.2022 година, во 11 часот, донираше 160 душеци и 160 перници кои ќе се користат во Ковид Центрите низ Македонија.Донацијата беше предадена пред ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија Скопје од страна на претставникот на Comodita Home, г-дин Харитон Гаџоски, а ја прими д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и координатор на ковид центрите.На средбата, пред присутните новинари се...







